iPad 2 пристигна во Македонија. Официјално.

Импресивниот таблет компјутер пристигна во Македонија. iPad 2 ќе може да се купи од Дуна компјутери кој е официјален дистрибутер и сервис центар за Apple уреди.

Втората генерација на таблет компјутерот iPad беше претставена во март оваа година и од тогаш се продаде во неверојатни 10 милиони примероци, што е десетина пати повеќе од продажбата на сите заедно Android Honeycomb таблет компјутери. Вкупно, за само една година се продадоа околу 28 милиони iPad-и.

Ценaтa за црн iPad 2 16 GB со Wi-Fi e 30.000 денари, а за белиот iPad 2 16 GB со Wi-Fi и 3G е 43.000 денари. Повеќе на сајтот на Дуна компјутери.

Во Дуна ja има и покривката за iPad, Smart Cover која се продава одделено. Достапни се и неодамна претставените ултра-тенки MacBook Air лаптопи.

9 коментари на “iPad 2 пристигна во Македонија. Официјално.

  1. Уште кај нас цената на 3G е превисока, малце хотспотс… се во едно, пропадната инвестиција, би играл на опцијата лаптоп

      1. Apple iPad 2 Wifi+3G на Apple.com е 629 USD односно неверојатни 26.999 MKD, што значи кај нас тој е поскап за неверојатни $370! Не е ништо подобра ситуацијата за WiFi-only iPad-от кој што е кај нас поскап за $200.

        Кој нонсенс, не знам зошто кај нас ставаат европски цени на производите (iPad 2 во MKD е со иста цена низ EU, проверете на Amazon.de) кога нашите плати не се ни приближно до европските.

  2. "Малку" задоцниле Дуна. Наскоро ќе излезе тројка, а официјалниот дистрибутер во Македонија го носи со задоцнување од пола година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии