iOS и Аndroid имаат кул опции со кои телефонот може да ви чита текст

Лошите вести дека SoundGecko, една од подобрите text-to-speech апликации, се гаси, брзо беа заменети со добрите вести дека во iOS и во Аndroid постојат интегрирани опции со кои телефонот претвара текст во глас. Во овој случај не зборуваме за асистенти како Siri, туку за едноставна функционалност на претварање на текст во глас со која може да слушате текстови наместо да ги читате. Опцијата е одлична за слушање на најновите вести или интересни текстови, но сте зафатени со возење, трчање, шетање, готвење…

Во iOS опцијата е универзална, односно може да ви прочита било кој текст од било која апликација. Се наоѓа во Settings > General > Accessibility > Speech > Speak Selection > Speak Screen. Потоа ќе ви треба само да повлечете на екранот со два прста за да почне телефонот да го чита текстот. Бидејќи се работи за машина, телефонот нема да знае каде е почеток на текстот, па ќе чита се, затоа најдобро е да се користи некоја дополнителна апликација, пример Pocket, во која ќе си ги зачувувате текстовите што сакате да ги прочитате подоцна. Pocket е достапна и како додаток за Firefox и Chrome, што ја прави корисна за букмаркирање на текстови и нивно слушање подоцна.

Кај Android постои апликација, но таа функционира само кај апликациите кои ја имаат интегрирано. Но, бидејќи ја спомнавме Pocket како апликација за зачувување на текстови, тоа што е добро е што само во Android верзијата на Pocket има опција за text-to-speach со која телефонот ќе ви чита убаво спакувани тексови за читање.

Тоа што е интересно е што освен некои имиња, телефоните читаат беспрекорно. Но, тоа што е незгодно е што читаат само на популарните јазици, пример, англиски, германски итн. За македонски текстови ќе треба да се помачите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии