iOS и Android ги јадат Sony и Nintendo

Според најновите истражувања на компанијата за аналитика, Flurry Analytics, Android и iOS би можеле сериозно да ја загрозат иднината на Sony и Nintendo, кога станува збор за пазарот на игри за мобилни уреди. Во извештајот на Flurry Analytics профитот од игритe за iOS и Android оваа година ќе изнесува 1,9 милијарди долари, додека игрите за Nintendo и Sony ќе имаат профит од 1,4 милијарди долари. Од овој извештај може да се заклучи дека иднината на мобилните игри не е во мобилните конзоли, туку во паметните телефони.

Flurry Analytics проценуваat дека iOS и Android ќе имаат 58 отсто профит од пазарот на мобилни игри, што е за 24 отсто повеќе од 2010. Во 2009 година, Nintendo имале дури 70 отсто профит од вкупниот пазар на мобилни игри, а оваа година тој процент ќе изнесува само 36 отсто. Sony ќе биде најслабата компанија на пазарот за мобилни игри, со само 6 отсто од вкупниот профит. Sony и во 2009 и 2010 година биле зад оперативните системи iOS и Android.

Најновата мобилна конзола на Nintendo, 3DS, доживеа многу слаб прием, па јапонската компанија беше приморана после само шест месеци да ја намали цената на оваа конзола. Слабата на продажба на 3DS не треба да биде изненадување, со оглед на тоа што покрај високата цена на уредот, корисниците мора да платат 30 до 40 долари за една игра, додека игрите за iOS и Android не чинат повеќе од еден или два долари. Голема е веројатноста дека и новата мибилна конзола на Sony, PlayStation Vita, да ја доживее истата судбина на Nintendo 3DS.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии