iOS 11 е голема надградба, но девелоперите мора да ги преправат апликациите

Со секоја надградба на iOS дел од телефоните „се пензионираат“, новата надградба на iOS 11 нема да биде достапна на iPhone 5 и iPhone 5C. Дополнително оваа надградба на оперативниот систем нема да биде достапна ниту на iPad 4. Apple го претстави оперативниот систем iOS 11 на WWDC 2017. Најавата за надградбата беше најголемата и најважната вест на настанот.

Далеку поинтересно и помачно ќе биде надградувањето на апликациите. Со новиот оперативен систем ќе функционираат 64-битни апликации. Поддршката за 32-битни апликации престанува со оваа верзија на iOS. iPhone 5S сега е најстариот телефон за кој е достапна поддршката. Процесорот A7 кој се користи во iPhone 5S e и првиот 64-битен процесор за паметни телефони.

Овие апликации ќе треба да бидат надградени и заменети. Сите 32-битни апликации ќе престанат да работат на есен со официјалната надградба на iOS 11. За да проверите дали некоја од омилените апликации ќе биде недостапна можете да отитдете до: „Settings > General > About > Applications > App Compatibility“, објасни Guardian.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии