Investor Day Central and Eastern Europe 2011 ги поканува македонските стартапи

Investor Day Central and Eastern Europe 2011: Internet Technologies & Innovations се одржува на 25 и 26 октомври во Киев, Украина, и е еден од поголемите ИТ конференции во регионот. На настанот, кој се состои од натпревар за стартапи, претставувања на проекти и дискусија, ќе има и предавања од бројни еминентни ИТ инвеститори и иноватори, како инвеститорот во Flickr и Del.icio.us, Естер Дајсон, ко-основачот на BrainsToVentures, Флориан Швеитцер, основачот на Seesmic, Лоик Ле Мур, европскиот ангел инвеститор, Стефан Глаенцер, и многу други.

IDCEE ги поканува македонските стартап компании да аплицираат и да се пријават на настанот. Доколку го поминат процесот за регистрација и избор, стартапите, заедно со уште 150 проекти, ќе имаат шанса да се претстават пред инвеститорите и публиката. Покрај претставувањето, најдобрите стартап компании ќе добијат и финансиска награда.

Рокот на пријавување е до 18 септември. Тука ќе ја најдете формата за пријавување.

Tука ќе ги најдете ланските победници.

(via Дарко Булдиоски)