Инвестиција во податочни центри, Nvidia го купи Mellanox за 6,9 милијарди долари

Дејан Соколоски

во Вести

Nvidia е нов сопственик на израелскиот производител на чипови Mellanox. Цената која компанијата ја плати за производителот на чипови е 6,9 милијарди долари. Со ова Nvidia ја продлабочува својата инвестиција и портфолио во производството на податочни центри.

„Податочните центри станаа најважниот компјутер на светот. Компјутерот повеќе на започнува и завршува како сервер. Компјутерот на иднината ќе се прошири во мрежата… За да го постигнеме ова сакаме да го прошириме нашиот опсег од сервери каде сме денес, на цели податочни центри“, вели Јенсен Хуанг, директор на Nvidia.

Mellanox е компанија чии производи се фокусирани на интерконекција. Компанијата е пионер со развојот на Infinity Band. Дел од другите производи кои ги развива компанијата се Ethernet мрежни адаптери и свичови, и уреди засновани на Tilera процесори. Infinity Band технологијата за интерконекција се користи во повеќе од половина од најбрзите суперкомпјутери.

Технологијата ќе и овозможи на Nvidia да ги комбинира NVLink протоколот за внатрешна комуникација на графичките процесори со мрежата и серверските производи на Mellanox. Резултат на ова ќе бидат дистрибуирани графички кластери, кои ќе можат да ги распределат пресметките на различни машини во мрежата, објаснува ExtremeTech.

„Имаме иста визија за забрзаните пресметки (accelerated computing) како и Nvidia. Спојот на нашите де компании е природно продолжување на долготрајното партнерство и одлично се вклопува во нашата заедничка култура на перформанси. Комбинацијата ќе поттикне моќна технологија и фантастични можности“, вели Ејал Валдман, директор на Mellanox.

Интерес за Mellanox имаа и Microsoft и Intel, но сепак компанијата заврши во Nvidia. Ако нема никакви законски пречки договорот треба да се финализира пред крајот на 2019.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии