Инвестициите во дигитализација и поголема транспарентност мора да продолжат

Неколку нови и обновени дигитални платформи во Македонија се одличен показател за можностите на дигиталните платформи за граѓаните.

Ваков сервис е ажурираната верзија на Uslugi.gov.mk која функционира од декември 2019. Националниот портал за електронски услуги има за цел на граѓаните да им овозможи брз и лесен пристап до информации за јавните услуги од надлежните органи и државни субјекти. Досега услугите на порталот ги искористиле речиси 9000 граѓани, велат од Министерството за информатичко општество и администрација.

Скоро 9.000 граѓани се регистрирани и секојдневно користат, 128 електронски услуги. Дополнително, на порталот во Каталогот на услуги веќе се достапни сите информации за добивање на 744 услуги. На овој начин, ги заменуваме шалтерите со услуги што се добиваат електронски, а Каталогот претставува единствен извор на податоци за тоа како, во кој рок, во која процедура се добива секоја од овие 744 услуги.

Поврзувањето на институциите мора да продолжи и во иднина, а во фокус ќе биде системот на кој работат Министерството за информатичко општество и Mastercard. Системот за дигитално потпишување треба да помогне за обезбедување на доказ за идентитетот на граѓаните при користење за приватните или јавните електронски услуги.

Поголема транспарентност

Минатата недела Министерството за финансии за поголема транспарентност го претстави порталот на кој е прикажан јавниот долг.

Порталот на граѓаните треба да им овозможи да добијат податок за задолженоста на државата и куп податоци за јавниот долг, задолжувањето и раздолжувањето.

Помеѓу останатите податоци на платформата може да се погледнат и да се добијат информации за:

  • Колку средства годинава ќе се повлекуваат и колку стари долгови ќе се вратат
  • Колкава сума на еврообврзници ќе треба да вратиме следните 5 години
  • Како се движел долгот низ годините
  • За кои капитални проекти се земени заеми од 2017-2019
  • Колкав е државниот, а колкав е долгот на јавни претпријатија и трговски друштва во доминантна сопственост на државата или општините
  • и многу други податоци

Дополнително фондот има и едукативен карактер и со неколку основни податоци ќе им помогне на граѓаните да се запознаат со основите на финансиската писменост.

Хакатон за користење отворени податоци

Во насока на дигитализација и транспарентност е и настанот кој на 13 и 14 март го организираат Министерството за информатичко општество и администрација и Фондација Метаморфозис.

Хакатонот е 48 часовен настан на кој учесниците ќе работат на иновативни софтверски и мултимедијални решенија.

За учесниците нема преголеми ограничување може да се пријават сите граѓани со наполнети 18 години. Настанот е отворен за поединци и тимови, а во секој тим ќе треба да има членови кои имаат познавања од развој на веб-апликации, дизајн, софтвер, економија, бизнис и маркетинг и мултимедија. Секако поединците кои ќе се пријават ќе можат да си направат тим на настанот.

Ако сметате дека учеството на хакатонот е за вас, може да се пријавите на следниот линк. Пријавувањето е отворено до 9 март, а пред самиот настан на 12 март ќе се одржи и буткамп на кој учесници ќе имаат можност да се запознаат со деталите и концептот на предизвикот.

Хакатонот има и награден карактер, а Македонски Телеком за најдоброто решение ќе обезбеди награден фонд од 5000 евра.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии