Inu e електрично решение за гужвите во големите градови

Inu е електричен скутер од Green Ride, кој ќе се обиде да ги замени моторите и колите и да овозможи поекономичен и поедноставен транспорт низ метрополите. Станува збор за паметен електричен скутер кој за да заштеди на паркинг простор може да се спакува. Како последица од ова на Inu нема простор за влакно, вели креаторот на Inu, Ори Јемини за Verge.

Скутерот доаѓа со табла на која корисниците можат да го постават својот телефон. Батериите можат да издржат 40 километри пред да биде потребно полнење од 3 часа. Inu не е премногу брз со 15 km/h, сепак е побрз од пешачењето. Но, ова е направено намерно, за сите дури и оние кои немаат возачка дозвола да можат да го користат за превоз. Иако креаторите се обидуваат да направат возило кое ќе биде достапно за сите, цената од 4.000 долари ќе одврати најголем дел од купувачите. Според најавата од Green Ride, скутерот ќе биде достапен најпрво во Европа, веќе следната година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии