Intuit го купува Mailchimp за 12 милијарди долари

Дејан Соколоски

во Вести

Intuit компанија која е најпрепознатлива по софтвер како QuckBooks, TurboTax, Mint и CreditCarma го купи MailChimp за 12 милијарди долари.

Компанијата Intuit барем досега не е препознатлива на полето на маркетинг. Софтверот кој го креираат е препознатлив за сметководствени услуги и подготвување на даночни пријави во САД, но никако на полето на имејл маркетинг. Цената од 12 милијарди која компанијата ќе ја плати во акции и кеш изнесува 10 отсто од проценетата вредност на компанијата.

„Фокусирани сме на просперитетот на потрошувачите и малите бизниси низ целиот свет. Заедно, Mailchimp и QuickBooks ќе помогнат да се решат најголемите бариери на малите и средните компании за раст, добивање нови корисници и нивно задржување.

Додавањето на Mailchimp ја проширува нашата визија, да обезбедиме целосна платформа за раст на потрошувачите за да им помогнеме на нашите клиенти да растат и да управуваат со своите бизниси, ставајќи ја моќта на податоците во нивните раце“, вели Сасан Гударзи, извршен директор на Intuit.

Mailchimp е супер успешна платформа за автоматизација на имејл маркетинг, но двете компании немаат заеднички точки, вели TechCrunch. Софтверот како QuickBooks е популарен кај малите и средни компании, а и услугите кои ги нуди Mailchimp се токму за овие компании, но самите услуги не се преклопуваат. Барем засега нема некоја функционалност која би можела да се отклучи со спојување на двете платформи. Секако ќе биде интересно да видиме што всушност е планот на Intuit и како ќе го реализираат.

Што се однесува до корисниците, ко-основачот на Mailchimp Бен Честнат веќе испрати писмо до клиентите со кое уверува дека ништо нема да се промени.

Вашата платформа ќе остане Mailchimp како и досега. Истите производи и алатки кои ги користите, истите ресурси и поддршка, истиот бренд кој го знаете и сакате. Всушност наша цел е сè што правиме да стане подобро како дел од Intuit.

1 коментар на “Intuit го купува Mailchimp за 12 милијарди долари

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии