Спонзориран текст

Интерворкс стана партнер со ќерка компанија на германскиот телеком гигант Deutche Telekom – T – Systems Netherlands

Спонзорирано од InterWorks

во Вести, ИТ.МК, Спонзорирани

Интерворкс ДООЕЛ, ИТ компанија со седиште во Битола, и канцеларии во Прилеп, Скопје, Македонија а од неодамна и во Амстердам, Холандија објави дека започнувајќи од февруари, 2020 година потпиша партнерство со T-Systems Netherlands, ќерка компанија на најголемиот телекомуникациски провајдер во Европа Deutsche Telekom.

Развојот на технологијата и појавата на нови производи води кон брзи промени во бизнис светот. Самото тоа води кон зголемени очекувања од страна на клиентите кои секоја компанија ги има, па освен тоа што е потребно компаниите да им даваат услуги на своите клиенти во избирањето на правилните алатки, производи и хардвер, потребно е да ги водат и низ процесот на дигитализација.

Поради тоа што создавањето на вредност и споделувањето на знаење се едни од главните компаниски вредности на Интерворкс, чест ни е да најавиме дека од почетокот на февруари 2020, Интерворкс стана партнер со T-Systems Netherlands, ќерка компанија на германскиот телекомуникациски гигант во Европа Deutche Telekom.

T-Systems стануваат лидери во дигиталната трансформација и ги водат нивните сегашни, како и идни клиенти низ дигиталниот пат, започнувајќи од градење на дигитална свесност и стратегија, преку развој на Proof of Concept, па се до обезбедување на комплетно оперативни решенија.

За да ја овозможат оваа трансформација и развој, T-Systems стана партнер со Интерворкс, кој стратешки ќе ги поддржи во развојот на својата идеја за Холандскиот и Европскиот пазар. Интерворкс на својот партнер T-Systems ќе им обезбеди подршка и знаење во процесот на формирање на дигиталната стратегија како и подршка во следните области: податоци, интеграција на податоци, аналитика, вештачка интелигенција, развој на апликации и оперативна подршка.

Интерворкс заедно со T-Systems, Холандија веруваат дека ова партнерство ќе води кон креирање на нови бизнис модели преку иновативни проекти во полето на IoT кои ќе бидат корисни за сите.

Оригинален текст: https://interworks.com.mk/interworks-seals-new-partnership/

Интерворкс е ИТ компанија која постои на пазарот од 2004 година, и е позната по искуството со трите интеграциски алатки, MuleSoft, SnapLogic, TIBCO, го има еден од најголемите оддели за  Quality Assurance и знаење и искуство за Вештачка интелигенција, Машинско учење, Big Data, Microsoft, PHP, Mobile Development, AWS Cloud, Data Management, Business Support, и DevOps. Освен T-Systems, Интерворкс е партнер и со SnapLogic, Atlassian, Microsoft, Xray, Inflectra и други.  

За повеќе информации, посетете ја www.interworks.com.mk

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии