Интервју со Виктор Настев од SmartBumps: Менување на концепт стар над 100 години

Перфекционизам и целосна посветеност кон деталите. Ова е впечаток кој ми остана по разговорот со Виктор Настев и Наташа Зафировска. Двајцата се дел од македонскиот стартап SmartBumps која работи на креирање на нов, подобар, паметен, лежечки полицаец. Со оглед на тоа дека г. Настев доаѓа од пазарот во Дубаи, каде  ова можеби е сосем разбирливо.

Желбата за иновација е она што го мотивира тимот нa SmartBumps. Идејата за паметниот лежечки полицаец е стара речиси 10 години. Сепак, иако моделот од пред повеќе од 100 години е функционален, не значи дека нема можност за подобрување.

Станува збор за технологија која е од 1906 и не е сменета. Имав идеја уште пред 10 години и повеќе и тогаш направив и иницијален проект.

Сепак, како што е вообичаено, колку почесто се среќавате со некој проблем толку е поверојатно да барате нови решенија. Дубаи има огромен број на лежечки полицајци, па таму е поголема и потребата за вакво решение. По некои мои проценки има преку 30.000 лежечки полицајци само во Дубаи, вели г. Настев.

„Пазарот Македонија дефинитивно е важен за нас. Оние детски болести и слични работи мора тука да ги поминеме. Колку и да се мали ситници, поинаку е кога тука ќе ги поминеме“, вели г. Настев. „Идејата е да имаме лежечки полицаец кој ќе работи тука шест месеци, па да бидеме посамоуверени“.

Image courtesy of SmartBumps

Истражувањето покажува дека за секое минување над лежечки полицаец се трошат дополнителни 5 грама гориво. Ова изгледа како мала бројка, но на годишно ниво ова се 8 тона гориво, вели г. Настев. Дополнително, во близина на овие лежечки полицајци има и зголемено загадување. Во близина на лежечките полицајци се забележани 60% повисоки NO2, 50% повисока концентрација на PM-честички и CO. Поради ова дел од позагадените градови во Британија размислуваат за нивно отстранување. Со паметните лежечки полицајци, дел од овие проблеми би можеле да бидат надминати.

Според анализите на слична компанија од Шведска, единствено 2% поминуваат побрзо преку лежечкиот полицаец. За да „казните“ двајца возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи казнувате и други 98. Ова е помалку глупаво.

Лоша вест е дека поставувањето на SmartBumps е поскапо од поставувањето на традиционалните лежечки полицајци. Потребно е се вкопа на улицата и да се поврзе на нисконапонска мрежа. Во идеални услови потребно e освен напојување, да се направи и одлив за паметниот лежечки полицаец.

SpeedBumps имаат можност за батериско напојување, иако тоа не е клучно за овој момент. Самиот уред и сега има батерија која треба да обезбеди доверлива работа и кога нема електрична енергија. Сензорот е поставен директно на патот. Ова овозможува поголема доверливост, па временските услови не претставуваат никаков проблем.

Иако веќе имаше договор со една општина за тестирање, поради локалните избори и промените на локалните власти малку се усложнија условите. Преговорите за продолжување со соработката треба да продолжат со новата власт.

Виктор и тимот имаат куп идеи за подобрувања на SmartBumps и засега се фокусирани на прототип кој ќе биде доказ за концептот, а понатамошните подобрување следуваат.

Во моментов тимот е фокусиран на O2 Challenge. Динамиката во која би можеле да ги видиме првиот SmartBump на улиците зависи од резултатите на O2. Сепак, првите паметни лежечки полицајци би можеле да ги видиме веќе на почетокот на 2018 година.

1 коментар на “Интервју со Виктор Настев од SmartBumps: Менување на концепт стар над 100 години

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии