Интервју со Тиана Ивановска, капитен на Hearthstone тимот на Mischievous

Неодамна гејминг тимот на Mischievous имаше можност да се претстави на најголемиот гејмерски настан кој досега се случил на Балканот, International Gaming Festival. Mischievous беа спонзорирани Lynx Animations и испратија три тима за Dota 2, CS:Go и Hearthstone.

Еден од клучните играчи во тимот, и капитен на Hearthstone тимот, Тиана Ивановска е истовремено и една од ретките девојки играчи кои учествуваа на турнирот. За жал, организацијата на турнирот не беше на потребното ниво, па дел од натпреварите беа скратени.

„Турнирот помина одлично од страна на наша организираност, но од организација на турнирот не сум задоволна. Нема да згрешам ако кажам дека нашата организација е подобра. Македонија знае да организира турнири на многу повисоко ниво, со подобро утврдени правила и подобар награден фонд.“, вели Тијана Ивановска.

944880_10209069571201204_7152523029566711134_n

Иако стануваше збор за меѓународен турнир, учеството на девојки беше речиси незабележително, па Тиана беше една од ретките девојки кои се натпреваруваа. Засега нејзин најдобар пласман е второто место на турнирот во Скопје, но на сите турнири организирани во Македонија, Тиана беше во најдобрите 5. „Не мислам дека има некоја разлика [за освоеното место] бидејќи и така сум една од две, три девојки кои доаѓаат на турнирите. Секако сме забележани :)“.

„Земајќи ги предвид моите останати ангажмани, не сум во можност во целост да им се посветам на подготовките. Вообичаено вежбам на стандарниот ladder со тоа што се качувам на повисок ранк за да имам повалидна статистика. Потоа ги анализирам резултатите. Исто така ги следам познатите играчи на Twitch, како и форуми како Reddit (competitive HS).“

Стигањето до „Legendary“ рангот не е едноставно, па засега на Тиана сè уште најдобар ранг и е „1“, а главна причина за ова е потребата од многу слободно време, кое не секојпат ни е достапно. „Месецов се обидов повторно бидејќи добив малку слободно време и сега за сега варирам помеѓу ранг 2 и 1“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии