Интервју со Стефан Митров, основач на M3DS: Студентите се нашето портфолио

Со само 22 години, Стефан Митров, основачот на 3Д-академијата M3DS, е најмладиот авторизиран тренинг инструктор на Autodesk. Академијата доби признание од Epic Games, кои официјално ја поддржаа академијата. Неодамна добија и признание од Autodesk за најбрзорастечка Autodesk академија.

Стефан Митров, основач на 3Д-академијата M3DS

Дел од знаење и искуството на г. Митров доаѓа од практична работа, работа на разни проекти во повеќе студија во и надвор од државата. Но, и работа како фриленсер со што Стефан во своето портфолио има комплетирано над 120 проекти.

„Финансии за да ја отворам академијата собрав од проектите на кои што работев. За просторот не беше проблем, освен фактот што бев ограничен со средства па така и тоа се отсликува со просторот, но исто така и порастот на академијата се отсликува, наскоро и со нови простории. Студентите кои ќе се покажат како најдобри и најпосветени, ние ги вработуваме да останат како дел од студиото и да работат на проекти. Нашето мото е дека студентите се нашето портфолио.“

Од каде идеја за креирање на академија за 3Д?

Се решив да отворам академија бидејќи од една страна, сметам дека имам стекнато големо искуство, а од друга страна желбата за 3Д во оваа земја е голема, но нема доволно добар начин да се дојде до квалитетно знаење, а со тоа и до квалитетен кадар.

Имаше ли предизвици при основањето?

Најголемиот предизвик ми беше зададен од Autodesk, со тоа што требаше да составам квалитетна програма. Програмата што ја креирав го опфаќа цело мое знаење и искуство досега, вклучувајќи и best practice методи користени од најелитните студија во светот на 3Д дизајн и анимација, начин на работа на истите и оптимизарна работа во софтверот за 3Д.

Колку си задоволен од развојот и напредокот на академијата овие неколку месеци?

По основањето, во рок од 8 месеци, M3DS стана една од најбрзо растечките академи во Европа, со тоа што се запишаа преку 35 студенти на академската година, која што се покажа како најквалитетна програма.

Дали имаш совет за младите претприемачи?

Мој совет за младите претприемачи е да искусат што е можно повеќе бранши, да одат на што повеќе различни настани, работилници и слично. Со тоа полесно ќе се пронајдат себе на пазарот. Ќе ја пронајадат работата што ја сакаат. Ги повикувам да се запознаат со можностите што ги нуди 3Д индустријата. Поентата ми е да не ја бараме земјата што ќе ги задоволи нашите желби, туку истите да ги оствариме тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии