WordPress e најмоќната платформа, вели oсновачот на ManageWP

Имаше смисла да тргнеме од најпопуларниот производ, вели Владимир Преловац, основач на Prelovac Media, стартап лоциран во Белград кој ја креираше популарната веб апликација ManageWP. Оваа апликација им помага на корисниците да менаџираат со повеќе WordPress сајтови, и сето тоа овозможено преку една работна табла што е неверојатно продуктивно за веб администраторите. Покрај тоа, автор е и на скоро 30 WordPress додатоци кои се преземени повеќе од 4 милион пати и на книгата WordPress Plugin Development – Beginner’s Guide.

Од каде е идејата за ManageWP и какви се резултатите од регионот? Зошто WordPress, а не Drupal или Joomla?

WordPress е многу пораспрoстранет CMS, така што најмногу смисла имаше да тргнеме од најјакиот производ на пазарот. ManageWP е плод на мојата долгогодишна работа на дата пазарот и разбирањето на потребата на корисниците. Сервисот неодамна наполни две години и многу сме среќни што се ближиме до бројката од 50.000 корисници.

[youtube]VJJ69YXkRDQ[/youtube]

Зошто додатоците за WordPress се толку неопходни за платформата?

Додатоците имаа големо влијание врз популарноста на WordPress како платформа. Тие им овозможија на корисниците да релативно брзо направат измени на својот веб-сајт и да му додаваат различни функционалности, без никакво програмерско знаење.

Покрај проектите поврзани со WordPress платформата, дали работите и на нешто друго?

Компанијата Prelovac Media е основач на ManageWP, а покрај тоа работиме и на други проекти како што се развој на игри за iPad платформата, а од неодамна започнавме и со развој на комерцијални апликации за iOS и Android. Се специјализираме во полето на User Experience и нè интересираат иновациите на полето на Интернетот и мобилните сервиси, како и унапредување на постоечките идеи.

Што Владимир Преловац би им препорачал на читателите на IT.com.mk?

Голем поздрав од Белград и се надевам дека вашата стартап сцена ќе се развива и расте како нашата во Србија.