Интервју со Васил Динковски – Сениор бизнис аналитичар вo Endava

Денес во Скопје се одржува Tech Flow | Agile Myth Busters, митап организиран од Endava на кој ќе се разгледува „Agile“ пристапот за развој.

Дел од спикерите кои ќе зборуват е и Васил Динковски, сениор бизнис аналитичар во Endava, кој ќе зборува на тема No upfront design in Agile. 

На кратко, кој е Васил Динковски професионално и што точно работи како Senior Business Analyist во Ендава? Кои се твоите одговорности на оваа позиција?

Како Сениор бизнис аналитичар во Ендава мојот главен фокус се активностите што на другите заинтересирани страни им овозможуваат да носат одлуки. Примери за ова се дефинирањето на проблемот што се обидуваме да го решиме, приоретизацијата на карактеристиките, корисничките приказни и помагањето на програмерите како најдобро да дизајнираат одредено решение. За да се постигне ова од клучно значење е да се идентификува кој ќе ги носи овие одлуки и кој ќе ги пренесува критериумите или информациите што ќе овозможат донесување на ваквите одлуки.

Во Endava си скоро 2 години, а твоето претходно искуство е 3 години во ITgma… и во двете компании имаш работено за компании надвор од Македонија. Како ги одржуваш комуникациите со клиентите на далечина? Неколку совети за што е “тајната состојка” во работењето со клиенти на далечина за да проектот биде успешен?

Најдобриот пристап е да се биде на иста локација. Директните разговори со клиентот и со останатите членови на тимот се клучни за успехот на проектите. Сепак, модерните технологии и алатките за комуникација значително ги намалуваат проблемите кога членовите на тимот не се на исто место. Во моментов работам на проект со членови на тимот од четири различни држави, а сепак имаме многу малку проблеми од аспект на комуникацијата. Освен алатките за комуникација како Skype, Slack, Hangouts итн., употребувам и алатки за соработка како Real Time Board за да презентирам и потврдам некои од покомплексните примери на правила, процеси и логика за да добиеме усогласено разбирање во целиот тим. Исто така секогаш кога тоа е можно се обидувам да избегнам комуникација преку е-пошта и директно им се јавувам на луѓето затоа што според мене вербалните дискусии се подобри од пишаните за да се дојде до меѓусебно разбирање и валидација на одлуките. Исто така важно е и да се посетат клиентите, особено на почетокот на проектот, за да се стекне доверба и да се тргне во правилна насока уште од почетокот.

Што за тебе, во твои зборови, претставува агилен девелопмент?

Во оваа област вклучен сум веќе 15 години, откако за прв пат се сретнав со агилниот метод во Обединетото Кралство. Во своите почетоци агилноста главно беше реакција кон лица без практично искуство кои имаа само теоретски пристап кон вршењето на работата. Агилноста беше „grasroots” движење кое ја отсликуваше реалноста на тоа како се гради софтвер. Го прифати фактот дека развивањето софтвер е креативна работа и тоа одрази во процеси засновани на емпириски пристап. Од тогаш до сега агилната методологија значително еволуира и созреа за да ги прифати и покомплексните структури, но во својата суштина сѐ уште ги задржува основните принципи на самоорганизирани тимови, фокус врз создавање на функционален софтвер што порано во проектот и приспособување па и прифаќање на промените како нормални за време на животниот циклус на продуктот.

Која е идејата зад настаните Tech Flow што ги организира Endava? Што ќе добие компанијата со тоа што ќе ги едуцира македонските ИТ експерти и ентузијасти за агилното развивање?

Endava Tech Flow е иницијатива што ги поврзува страсните ИТ професионалци со експертите од индустријата за да им наметне предизвик на традиционалните пристапи, а нуди и возбудлива можност за учење преку споделување на знаење и отворени разговори. Во денешно време, кога популарноста на агилниот пристап и неговите методи е многу зголемена во последните 10 години, паралелно се умножија и митовите поврзани со нив. Овие митови стекнуваат уште поголема популарност кога се споделуваат преку различните социјални мрежи. „Tech Flow Agile Myth Busters” е нашиот 3-ти Tech Flow настан, втор посветен на агилноста. Како компанија со зрело познавање на агилниот метод, сакаме да ги претставиме некои од најпопуларните митови поврзани со агилноста и да се обидеме да ги разурнеме преку претставување на примери од вистински проекти и преку најдобрите практики што се користат во светот на агилноста. Ќе зборуваме за митовите поврзани со агилната изведба на проекти, како и за митовите поврзани со проектите со агилна трансформација, а со ова сакаме да понудиме корисни добри практики како помош и поддршка на нашата ИТ заедница.

Наброј ги придобивките од работење на агилен метод

Најважната предност која ја гледам кај агилните методи е тоа што фокусот се става на намалување на главните ризици при развивањето на софтвер производи. Со тоа што се емпириски по својата природа, овие методи како свој составен дел го имаат учењето, па така дозволуваат приспособувањата да се вршат врз основа на фидбек од реална употреба во контекст на софтвер што веќе функционира. Понатаму, ако прифатиме дека потребните проектни барања на одреден софтверски продукт се проблем на комуникација, тогаш агилните методи се многу добри во воспоставувањето на механизми што оваа комуникација ја изведуваат во отворена, транспарентна и инклузивна средина. Исто така, агилните методи акцентот го ставаат врз тоа да обезбедат добра работна средина и поддршка за мотивираните поединци, овозможувајќи успешност во иновациите.

Наброј ни барем две потешкотии со кои што се соочуваат луѓето кои работат агилен развој?

Според моето искуство програмерите кои во агилните проекти доаѓаат од проекти со потрадиционален пристап најчесто имаат проблем на почетокот да го променат начинот на размислување. Наместо да работат на детални спецификации кои некој друг им ги задал како готови, сега од нив се очекува да придонесуваат кон решенијата, да стојат зад нив и да се главни двигатели на решенијата што се развиваат. Втор поголем проблем најчесто е распоредот на континуирана испорака воспоставен уште многу рано во проектите. Сепак, овие две тешкотии најчесто многу брзо се надминуваат, па фокусот се враќа на поинтересните технички предизвици.

На настанот на 30-ти мај, ќе одржиш говор на тема “No upfront design in Agile”, ќе ни ја откриеш ли агендата на твојот говор?

Сакам да го истакнам и, се надевам, да го побијам митот што се наметна уште на почетоците на агилноста, а е многу присутен и денес – а тоа е дека нема потреба за предвремен дизајн кога станува збор за развивањето на софтвер по агилната методологија. Овој мит најчесто резултира во продукт што не е оптималниот во тој случај, како и во лошо искуство од примената на агилноста. Исто така сакам да прикажам како прилагодената методологија на работа на Ендава (заснована на SCRUM и XP) се справува со ова, а и да презентирам како агилните методи еволуирале за да стапат во интеракција со другите методи како Design Thinking и Lean.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии