Интервју со Трајче Наков, софтверски инженер во француски стартап

(Ова е гостински пост на Емир Слезовиќ, ко-организатор на Funky CoWorking Friday, настан кој ја промовира coworking културата во Македонија. Постот е првично објавен на Medium, и реобјавен со негова дозвола)


Трајче е дел од заедницата на Funky Coworking Friday. Работи 6 години како програмер, со искуство во неколку македонски и странски фирми. Во 2010 година ја брани неговата дипломска работа за програмирање за Android апликации. Оттогаш активно се развива во тоа поле. Моментално е главниот софтверски инженер за француски стартап кој развива дигитално решение за луѓе со Алцхајмерова болест.

Трајче сподели неколку совети во областа на програмирањето и личниот развој:

Како да станеш подобар програмер?

  • Стекнување искуство во добри тимови со поискусни програмери. Во компаниите каде што работел, тој бил гладен да дознае нови совети и трикови за да се исцрпи знаењето и начинот на размислување на искусните програмери.
  • Секојдневно учење преку блогови и подкасти. Тој користи RSS feed апликација (ReadKit) за да биде во тек со сите новости и технологии во полето на програмирањето и Android апликациите. За Android програмери го препорачува Fragmented Podcast и блогот на Square, кадешто може да се пронајдат open source ресурси развиени од самата компанија.
  • Подобро да си експерт во една работа, отколку добар во неколку. Трајче советува на фокусирање во една дисциплина и секојдневен развој во таа. Подобрување на вештините и знаењето во таа дисциплина преку константно учење, следење на новости и работа во тој домен.
Трајче на Funky CoWorking Friday

Трајче на Funky CoWorking Friday

Кои 3 книги ги прeпорачуваш?

Ја препорачува Библијата како основа за клучни животни прашања, Effective Јava и Android Programming:The Big Nerd Ranch Guide се книги во областа на развој на Android софтвер.

Како да се биде различен од другите?

Пробувам нон-стоп нови работи и експериментирам за да видам како работат, вели тој. Покрај тоа, укажува на градење mindset на креатор, да се има став како треба да се градат и креираат решенијата кои ги бараат претпоставените.

different gif

Зашто си дел од Funky Coworking Friday?

Тој ја цени оваа иницијатива заради можноста за ширење на кругот на познаници, како и промената на секојдневната средина. Како дел од Funky Coworking Friday се организира активност која поддржува споделување на знаења. Посетителите на 14-тиот Funky Coworking Friday ќе имаат можност да поразговараат и споделат мислење со Трајче.

На кои теми очекуваш да разговараш со луѓето на Talk to Trajche активноста?

„Тука сум да поразговараме и споделиме мислења за програмирање, како е да се работи за стартап од странство, како да наоѓаш клиенти, стекнуваш доверба кај клиентите, продуктивност во светот на програмирањето, програмирање на Аndroid апликации, како да креираш тим и друго.

Што правиш кога не програмираш ?

Возам точак на планина. А за инфраструктурата во градот се бориме заедно со #НаТочак :)

Funky CoWorking Friday

Funky CoWorking Friday

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии