Интервју со Славе Јовановски, технички водач на YouTube Live

Имаш @google.com мејл! Од 1 до 10 колку кул е тоа?

„Девет. @it.com.mk би било 10. :)“

Славе, кој сега има и [email protected] имејл :P, е со потекло од Радовиш. Таму завршува гимназија и добива стипендија „Ристо Гуштеров“ благодарение на талентот по математика и информатика. Стипендијата го води во Ohio University каде што студира компјутерски науки. Покрај студиите на универзитетот во слободно време работи со роботи што играат фудбал и се натпреварува на TopCoder. Поради натпреварот, и бидејќи е избран на најдобар студен на унивезитетот, добива можност да се пресели во Силиконската долина во Калифорнија каде првите 2 години работи за VeriSign на софтвер за автентикација за One-Time Passwords (пример, PayPal Securty клучеви).

„Во Mountain View се запознав со Дејан Десовски кој што веќе работеше за Google и напола сериозно му дадов резиме кое тој го достави до Google. Се случи интервјуто и на крајот на процесот завршив во YouTube. Таму сум веќе нешто повеќе од 2.5 години. Моментално работам како Tech Lead за YouTube Live Streaming. Пред тоа бев инжинер на Upload, Social, Friend Finding, YouTube Realtime, итн. Денес живеам во Сан Франциско.“

Како ти се допаѓа Google и YouTube? Дали навистина канцелариите во Google и YouTube се откачени како што ги гледаме на сликите?

Најдобра компанија за која што некогаш сум работел, хе хе. YouTube и Google се дефинитивно едно од најдобрите места за еден млад инженер. Секојдевно работиш со едни од најпаметните луѓе во софтверската индустрија и сфаќаш колку малку знаеш за областите во кои што порано си мислел дека си експерт. Проблемите што ги решаваш секојдневно ги решаваш за стотици милиони корисници, така да многу често креираш решенија кои што не се учат во школо.

Но, дефинитивно највозбудливо од се е можноста и моќта со 10 линии код да им го промениш животот на милиони корисници низ целиот свет. Можноста да креираш алатки кои што на луѓето низ целиот свет ќе им го овозможат правото на слободен говор (како што беше примерот со Иран и Египет), а понекогаш и да се насмеат на некое смешно видео.

Канцелариите се дефинитивно посебни. Каучи, скутери, бар, базен, спортска сала, градина, масажа, бесплатна храна и пијалоци, се што ти душа сака.

Што конкретно работиш на Live проектот, и општо во YouTube?

Сум работел на неколку (претежно неуспешни, хе, хе) проекти. Првиот проект ми беше YouTube Realtime. Потоа работев на Activity Subscriptions, бев главен инженер за Friend Finding, работев на неколку проекти за Uploads, Chrome Extension за Homepage Feed.

Последниве 9 месеци работам како технички водач за YouTube Live. На почетокот претежно се занимавав со дизајнирање и имплементирање на главната инфраструктура за проектот и интеграција на Live Streaming со останатиот дел од YouTube. Денес малку повеќе време поминувам во дизајнирање на насоката на продуктот, приоритизација на нови компоненти, интеграција со Google, YouTube, и надворешни партнери, а малку помалку пишувајќи код.

Воглавно, задачата на техничкиот водач на проектот е да биде сопственик на проектот од
инжeнерска гледна точка и на крајот на денот да ја гарантира стабилноста на продуктот.

Може ли да ни го опишеше просечниот работен ден во YouTube?

Јас се трудам да стигнам на работа пред 12, не дека секој ден ми успева. Просечниот ден започнува некаде околу 10 со свежо подготвен утрински појадок. Некои денови имам состанок во 11 или 12, но претежно повеќето денови инжeнерите немаат состаноци. Во зависност од планот за денот
поминувам неколку часови имплементирајќи некоја нова компонента или прегледувајќи го кодот на некои од помладите инженери. Во зависност од годишното време понекогаш го користам базенот или играм фудбал или кошарка. После вечера некаде после 6 се враќам дома.

Дали Live е сфатен како голем проект за YouTube? Според мене, некое време се обидувате да има што е можно потелевизиска содржина. а со Live веќе се отвараат опции и за претставување на сериозна содржина во живо, пред се спорт. Може ли да ни го објасниш концептот на Live?

YouTube си има играно со концептот на содржина во живо неколку пати. Стив Чен уште во 2008 година имаше објавено информации дека YouTube на своите партнери ќе им овозможи Live Streaming до крајот на годината. Како што знаете тоа тогаш не се случи. Од 2008-ма па до сега имаше бројни настани во живо (Alicia Keys, Duran Duran, Arcade Fire, Coachella, Белата Куќа, AlJazeera од Египет, итн) на YouTube, меѓутоа сите тие беа one-off настани и за изведба на еден таков настани беше потребна координација на десетици луѓе.

Пред околу 9 месеци мојот тим го стартуваше концептот на self-service Live Streaming. Целта беше да изградиме платформа која што на нашите партнери ќе им овозможи на лесен начин да креираат содржина која што ќе биде пренесувана во живо на YouTube. Идејата е подоцна можноста за Live Streaming да се отвори на секој еден YouTube корисник на исти начин како што секој еден обичен корисник може да закачи видеа денес. Разликата помеѓу оваа платформа и one-off настаните што ги имавме до сега е што оваа платформа е целосно интегрирана со останатиот дел од YouTube (analytics, notifications, sharing & social, archiving and transcoding) и е целосно базирана на stack-от на YouTube, од самата веб аппликација (www.youtube.com) каде што се креираат и подесуваат настаните во живо па до CDN-от преку кој што оваа содржина се доставува до корисникот.

Live и видеата во живо се сфатени доста сериозно во YouTube. Искрено мислам дека следниве година или две ќе бидат критични во префрлањето на се повеќе корисници кои што ќе ги конзумираат Live содржините на интернет отколку пред телевизор, ако не во светот тогаш дефинитивно во САД. Тука пред се мислам на спортски содржини како што се престојните европски и светски првенства и
олимписките игри во Лондон. Мое лично мислење и цел е YouTube да биде едиснтвеното место каде што јас конзумирам видео, а тоа нема да виде возможно се додека морам да седам пред телевизор или да одам на некоја друга страна за да гледам видео во живо.

Live ќе се користи за Google TV во блиска иднина. Можеби ова е нешто ново за .мк кориниците, но барем во САД функционира и веќе се отвара пазарот за интернет телевизија. Дали работите на проектот со Google TV на умот?

За сега Google TV од наша страна е третиран како и било кој друг уред поврзан на интернет. YouTube сеуште има уште многу да работи за да го оптимизира продуктот за големиот екран. Големиот екран е предизвик но од друга страна просторот од 40 или 50 инчи е шанса да изградиме “experience”
многу подобро од обичната телевизија. Обичната телевизија е многу постатичка додека фактот дека Google TV е поврзан со интернетот овозможува Live содржините да видат нависитина Live преку realtime интерграција со социјалните мрежи, на пример. Имаме неколку идеи и воопшто не треба да ве чуди ако во текот на оваа година го оптимизираме Live за Google TV со неколку мали промени.

Ти недостига ли Македонија? Дали планираш да се вратиш во .МК? Има ли македонски и луѓе од Балкан со кои соработувате, каде што работиш?

Понекогаш ми недостигаат некои работи од Македонија. Доколку се укаже вистинската прилика зошто да не се вратам. Во Силиконската Долина не нема многу. Би можел да набројам едно 20 или 30 Македонци-инженери. Балканци малку повеќе. Во YouTube имам колеги од Бугарија, додека во Google од време навреме контактирам со Десовски и Ицев, но не сум соработувал на исти
проект.

Што би им препорачал на младите ИТ ентузијасти на што да се фокусираат во своето развивање и едукација за да можат да работат за гиганти какo YouTube?

Дефинитивно да инвестираат во своето образование, без разлика дали е во Македонија или надвор. Да не ги гледаат проектите само од инжeнерска гледна точка и да сфатат дека вистинските проекти всушност немаат едно точно решение, спротивно на тоа што го имаат научено на час по математика. Да учат од своите успеси, но уште повеќе од своите неуспеси. Нешто што го научив работејќи во YouTube, а ми беше тешко да го сфатам доаѓајќи од Македонија каде што неуспехот ретко се наградува.

И не мора да биде YouTube, Google, Microsoft, Apple или некој друг гигант. Македонија е неоткриен пазар. Ако имаат идеја нека инвестираат во неа. Денес и не ти требаат милионски суми за да направиш твоја фирма и продукт. И најважно од се е да го работиш тоа што го сакаш и да го сакаш тоа што го работиш.

10 коментари на “Интервју со Славе Јовановски, технички водач на YouTube Live

  1. Ne e fintata deka imalo pred godina, dve ili tri. Krajniot efekt zafisi od izvedbata, ako taa bila dobra vo prethodnite servisi, deneska kje sme gi gledale niv. Youtube ne tvrdi deka se prvi vo live streaming biznisot. Sekoj moze da ima dobra idea. Ne sekoj moze da ja realizira.

  2. @ Live
    Golema rabota pred dve godini imalo live streaming vo Makedonija, ocigledno deka ne mozele da idat do kraj… Pa najnormalno deka Youtube ke napravi takvo nesto kako i sekoja golema kompanija prati trendovi bez razlika novost ili nesto nedorazvieno.
    Ja mislam deka Youtube ima doneseno mnogu na narodot vo celiot svet, pa coekot vi kazue da si stavite kapite za mislenje i najdete nesto sho mislite deka ke funkcionira i promovirajte go i videte dali ke raboti..taka sve pocnuva..od malku.
    Ocigledno zborot "podrska" nema nikakva smisla vo vasiot recnik, a veruvam deka zborot "zavid" vi e vo glavata na site novosti shto ke ostavite komentar i go kritikuvate sekoe postignuvanje na nekogo ili nekoja kompanija.

    01001001 01000100 01001001 01001111 01010100

  3. Live streaming во Македонија дечки имаат направено пред 2 години со пола капацитет од сегашниот youtube. Youtube и компании како google ги крадат тие идеи и ги преточуват во пари, бидејки се крупни играчи и не им дават простор на малите компании да се докажат. Инаку за Славе, свака му част, нека продолжи само напред, само да не се ограничува на youtube и google.

    1. Абе не е баш штосот Live stream као шо го кажуваш, ја бар као шо го сфатиф текстот сака да каже, као ја идам сеа си отварам акаунт на јутуб, си ја врзувам веб камерата и починјам да емитувам па кој глеа глеа. Мање више си иам своја телевизаија на интернет. Ваљда ……

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии