Интервју со Рик Вион, експерт за социјални медиуми и говорник на AllWeb.mk

(Oва е гостински текст на Дарко Булдиоски, основач на New Media MK, и организатор на конференцијата за интернет маркетинг AllWeb.mk)

Како поранешен директор на тимот на McDonald’s за социјалните мрежи, Рик Вион е експерт кој знае како да ги поврзе корисниците со брендот, и тоа да го направи така што ќе ги натера да го пробаат производот, наместо само да чујат за него. Еден од важните совети кои г. Вион ги дава е дека брендовите треба да се локализираат стратегиите за постоите и твитовите да бидат културолошки релевантни за корисниците. Во спротивно ќе немаат значење за нив. Ова во суштина е пораката која г. Вион сака да ја пренесе во ова интервју, но и со неговата презентација во Скопје на конференцијата за интернет маркетинг AllWeb.mk, каде г. Вион доаѓа благодарение на Американската амбасада во Скопје.

Кариерата на г. Вион започна интересно како новинар. Студиите во новинарство му помогнаа да научи да пишува и да стане добар раскажувач. Подоцна работеше како графички дизајнер, што му го изостри окото за визуелни композиции, а потоа работеше како консултат во доменот на е-трогивјата, онлајн учењето и алатки за дискусија; како ПР човек на компанија за веб дизајн за пренхрамбената индустрија, што го одведе во McDonalds каде во 2010-та година станува прв директор за социјалните медиуми. Денеска, носејќи ја титулата „Top 50 Social Leaders“ на AdWeek, тој продолжува да работи како консултант на големи интернационални компании во Мanifest Social.

„Сакам да работам со социјални медиуми затоа што е тие се комбинација од пишување, дизајн, технологија, раскажување и запознавање луѓе. Покрај тоа што е релативно нова алатка за повеќето компании, социјалните медиуми продолжуваат рапидно да еволуираат, поради што мојата работа денес е различна од тоа што беше минатата година, а исто така ќе се разликува и следната година“.

Работата на г. Вион во McDonald’s беше да го организира тимот и да направи структура од десетина професионалци кои ќе можат да ги менаџираат проблемите на корисниците, но истовремено и да креираат кампањи што ќе привлече поголем број на фанови, односно поголем број на потенцијални клиенти. Но, разликата помеѓу McDonald’s и сите останати компании, посебно македонските, е што немаат толкав буџет за тим кој ќе биде посветен само на социјалните мрежи. Но, г. Вион вели, и ќе презентира на AllWeb.mk, дека можеби „скалилото е различно, но употребата е иста“.

„Вредноста на социјалните медиуми за големите компании во споредба со малите, всушност е многу слична. Социјалните медиуми може да се употребат за да се направи поврзување со корисниците, да се изгради бренд, да се привлечат корисници да го пробаат производот. Скалилото ќе биде различно, но употребата може, и треба да биде иста. Клучното прашање кое треба да го одговори некоја помала компанија е: „Колку може да се посвети на нив со оглед на расположливите ресурси?“. За да се биде успешна на социјалните медиуми една компанија потребно е да креира содржина, да работи на различни канали за конуникација и, исто така, да ги земе предвид платените реклами. Сево ова бара внимателно разгледување на времето, трудот и буџетот“.

Кои се најсовремените начини на кои американските компании ги употребуваат социјалните медиуми? Можете ли да именувате некои од компаниите кои биле меѓу првите кои ги превземале овие начини и што тие прават поинаку од останатите?

Постојат многу паметни начини на кои се употребуваат социјалните медиуми. Еве неколку кои ми се мене омилени:

  • AJ Bombers: Пример на мала компанија која ги употребува социјалните медиуми за да привлече нови корисници/клиенти. Стара е неколку години, но сеуште е една од моите фаворити.
  • Dollar Shave Club: Претплатнички сервис со кој добивате жилети за бричење по пошта. Компанијата употребува само дигитален, вирален и „word-of-mouth“ маркетинг. Јас сум клиент и фан.
  • Threadless T-Shirts: Користење на crowdsourcing уметност и споделување за да се дизајнираат кул маици.
  • Untappd: „Craft Beer“ или пивото направено на традиционален начин, без употреба на машинерија, од мали пивници е многу популарно во САД и оваа апликација им овозможува на љубителите на пиво да направат “check-in” на што и да пијат. Ова е една од моите омилени апликации. Беџовите за специјалните пива и настани функционираат како одличен поттик за купување на апликацијата.
  • ALS Ice Bucket Challenge: Одлична комбинација на еден-на-еден социјална интеракција за хуманитарни цели. Изминатово лето ова беше едно од најголемите онлајн случувања и се собраа повеќе од 120 милиони долари.

Колку е важно корпорациите, при делување на одреден пазар, да ја локализираат стратегијата за социјалните медиуми? Како тоа изгледа во однос на трудот и влијанието?

Локализирањето е од голема важност. Социјалните медиуми немаат никакво значење доколку не се културолошки релевантни за вашата публика. Пример, во поголемиот дел од САД најчестиот и логичен начин да се јаде хот-дог е да има кечап на него. Меѓутоа, во Чикаго, луѓето со подбив гледаат на овој начин на јадење хот-дог бидејќи го сметаат за некултурно.

Со цел да се искористи што е можно повеќе од локализирањето, компанијата мора да размислува локално и во однос на платформите кои се коистат и во однос на тоа какви содржини креираат. Ова може да создаде комплексна организација со многу работа, но сепак, од суштинско значење е да се биде релевантен и прифатен од клиентите.

Постојат ли потенцијални “leap frog” бенефити кои социјалните медиуми им ги овозможуваат на компаниите кои делуваат на пазари кои се во развој? Со други зборови, постои ли можност социјалните медиуми да се скратен пат за компаниите кои не го применуваат традиционалниот маркетинг?

Социјалните медиуми можат да бидат одличен начин на кој компаниите можат да се промовираат себе си без вложување труд во традиционалниот маркетинг… но тоа мора да се направи на многу внимателен и промислен начин. Би било грешка да се претпостави дека тие само по себе би довеле до успех. Секоја компанија, мала или голема, треба да истражи како да допре до корисниците/клиентите и да го утврди најдобриот начин за користење на социјалните медиуми – било тоа самостојно или како дел од традиционален маркетинг микс.

На пример, во градот во кој живеам, речиси сите родители се на Facebook и Pinterest. Повеќето се членови на групи на овие социјални медиуми. Доколку би отворил детско игралиште во мојот град, не би употребувал воопшто традиционален маркетинг, туку би споделил слики од игралиштето на Pinterest и би го употребил Facebook за да се поврзам со локалните мајки. Исто така би купил Facebook реклами таргетирајќи го моето соседство. Како контраст, мојата сестра води локална сметководствена фирма и таа се потпира на традиционален маркетинг (весници, билборди) со цел да се поврзе со сопственици на мали бизниси во градот.

Г. Вион е говорник на третата конференција за интернет маркетинг AllWeb. Повеќе информации за конференцијата, за кои се говорниците и како да дојдете до билет ќе најдете на официјалниот сајт на AllWeb.mk.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии