Спонзориран текст

Интервју со Никола Живков: Java и нејзиниот екосистем се најпожелна платформа за развој на бизнис решенија

Што е работата на Technology Line менаџер, каде е примената на овие решенија, кои се перспективите на Java технологиите, но и можностите на идните девелопери во Сеавус, стекнување со сертификати и за најновите трендови во Java технологиите, разговараме со Никола Живков, Technology Line менаџер за Java технологии во Сеавус.

Како изгледа работата на еден Technology Line менаџер за Java технологии? Опишете нѝ еден ваш работен ден?

Работата на еден Technology Line менаџер во Сеавус има повеќе аспекти. Наједноставно кажано, оваа позиција ја обезбедува врската помеѓу технологијата и бизнисот. Една од клучните одговорности на Technology Line менаџерот е да ја определи стратегијата на Сеавус за спроведување на технологиите и платформите на Java, кои ги има многу со оглед на тоа што Java се користи веќе 25 години, како и да ги следи новите технологии кои излегуваат на пазарот, усвојувајќи ги оние кои нашите девелопери ги претпочитаат и оние кои би им биле од најголема корист на нашите клиенти. Се разбира, усвојувањето на нови технологии нема поента доколку немате девелопери кои ќе знаат да ги користат, па затоа е од подеднакво значење нашиот тим од речиси 100 девелопери да добие соодветна обука за користење на овие технологии. Според ова, мојата секојдневна работа подразбира редовна комуникација со техничките менаџери со цел нивните тимови, како и секој вработен поединечно, да го добијат потребното техничко знаење за извршување на своите задачи и работата да се одвива непречено.           

Вториот апсект во работата на Technology Line менаџерот е да ги поддржи бизнис одделенијата во процесот на стекнување нови клиенти така што ќе се труди да ги разбере потребите на клиентот и ќе предложи решенија кои нашата компанија може да ги обезбеди според знаењето и стручноста на вработените. Ова вклучува многубројни состаноци со клиентите за утврдување на бараните спцификации. За жал, пандемијата нè принуди овие состаноци да ги одржуваме онлајн.       

Што значи развојот на кариера во Java технологиите во Сеавус? Кои можности ги имаат вработените?

Општо е познато дека најдобро се учи преку активно учество на проекти и во соработка со други девелопери. Работата во тим овозможува споделување на знаењата во врска со новите технологии и споделување на најдобрите пракси. Помалку искусните девелопери работат под менторство на искусни сениори сè додека не се стекнат со доволно ниво на техничко знаење и не се оспособат да работат самостојно.  Меѓутоа, работењето на комерцијални проекти не е единствениот начин за стекнување на знаења. Па така, организираме обуки во форма на неформални презентации, кои обично имаат за цел да ги заинтересираат девелоперите за некоја нова технологија. Исто така, организираме и практични работилници, на кои девелоперите имаат можност да добијат обука од искусни експерти и да навлезат подлабоко во одредена технологија. На овие работилници најчесто ги изучуваме технологиите и трендовите кои моментално се појавуваат на пазарот, каков што е случајот со Docker и Kubernetes, кои се дел од нашата програма за обуки предвидена за втората половина од 2021 година. Меѓу другите технологии кои се актуелни кај нашите клиенти се и Amazon Web сервисите (AWS), за кои нашите девелопери моментално се обучуваат и за кои можат да добијат официјални AWS сертификати.     

На какви проекти работите?

Девелоперите се познати по тоа што сакаат промена и сакаат да експериментираат со различни технологии и дејности. Затоа е добро да се работи на разновидни проекти кои носат различни предизвици. Два од столбовите на нашата индустрија, кога станува збор за Java технологиите, доаѓаат од областите на банкарство/финтек и телеком, но имаме клиенти и од други дејности, како на пример здравство, автомобилско осигурување и менаџирање на побарувања, заштита на трговски марки, итн. Овие проекти нудат можност за работа со разновидни технологии и платформи. Повеќето од нив сепак се засноваат на Spring и Spring Boot платформите, кои се најпопуларни при програмирањето во Java јазикот. Проектите засновани на микросервисна архитектура често ги имплементираме со Spring Cloud и Apache Kafka како најчесто употребувани шеми во дистрибуираните системи, додека пак за клауд решенијата се користат Amazon Web сервисите и Google Cloud платформата (GCP).       

Кои се топ трендовите за Java технологиите во 2021 и што од нив се работи во Сеавус? Можеби имате некој пример на интересни проекти врзани токму со трендовите.

После 25 години, Java сè уште спаѓа во трите најкористени програмски јазици во светот. Java и нејзиниот софтверски екосистем се најпожелна платформа за развој на големи бизнис решенија. Во последно време, во традиционалниот модел за развој на софтвер се воведуваат новини, кои имаат најдено примена и во некои наши проекти. На пример, имплементациите на Spring Reactor и Spring WebFlux се искористија во неколку наши проекти за имплементација на системските делови каде беше потребен голем проток на податоци. Клауд архитектурите станаа еден од стандардите според кои се градат апликациите, па по AWS и GCP се очекува сè повеќе Java апликации да се најдат на Azure клаудот на Microsoft, земајќи ги предвид инвестициите кои Microsoft ги вложува за да му даде на Java програмскиот јазик висок приоритет на нивната клауд платформа. Кога станува збор за стартапи и гринфилд развој на апликации, некои клиенти се одлучуваат да користат Kotlin наместо Java.     

Надвор од канцеларијата често те гледаме на велосипед. Колку си посветен на спортот?

Работењето во ИТ секторот несомнено носи предизвици и предности. За жал, цената што ја плаќаме се долгите часови поминати седејќи пред екранот. Пробувам, колку што е можно почесто, ова време да го надоместам со физичка активност. За време на викендите возам велосипед или планинарам, додека пак пливањето и дневните прошетки се резервирани за работните денови. Здравиот начин на живот и спортските активности се нешто што нашата компанија го охрабрува. За време на летните месеци, успеавме да организираме неколку настани со пешачење, како и виртуелен предизвик наречен „Победи се себеси“, кој ги поттикна вработените да се натпреваруваат во тоа кој ќе направи поголема километража во трчање, возење велосипед и пливање.    


Напомена: Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Seavus. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии