Интервју со Никола Љушев, директор на VIP, ИТ компанија на годината

Веќе три години сте на .мк пазарот. Како ги проценувате навиките и потребите на корисниците? Дали сте задоволни вие како оператор од .мк пазар?

Кога започнавме со операции пред нешто повеќе од три години, имаше многу прашања и скептични погледи во врска со влезот на Vip како трет мобилен оператор за македонскиот пазар. Веројатно добар дел од тие критички размисли беа испровоцирани од самиот факт што одлучивме да настапиме на пазар кој беше во голем дел освоен од страна на нашите конкуренти, дополнително заради огромната временска дистанца од 11 години во однос на првопојавениот оператор во далечната 1996 година. Наместо тоа да не обесхрабри, сметам дека сите овие предизвици делуваа дополнително на нас за да покажеме и докажеме дека знаеме, умееме и сакаме да направиме разлика на македонскиот телекомуникациски пазар. Резултатите од нашата посветена работа се очигледни. За три години постигнавме одличен пазарен удел од 19-тина % и напредуваме понатаму. Воведовме многу нови услуги за прв пат – BlackBerry, виртуелни приватни мрежи, Vip комуникатор, надополна на препаид сметка преку банкомат и интернет, ги донесовме за првпат најновите Аndroid и Windows 7 паметни телефони на македонскиот пазар. Она што е најважно ги направивме мобилните производи и услуги достапни за сите граѓани. Во однос на навиките и потребите на корисниците можам да кажам дека тие се основата за креирање на нашите производи и услуги.

Vip беше доста активен оператор во 2010-та година, од присуство на друштвени мрежи до организирање на првиот Android предизвик? Дали има слични најави за активностите во 2011?

Социјалните медиуми се вистински феномен за дружење, забава, размена на информации, промоција на вашиот бизнис, или како што ние во Vip сакаме да гледаме – социјалните мрежи се одличен канал за комуницирање со нашите корисници во вистинско време, едноставно и брзо. Што се однесува до Vip Android предизвикот, ми претставува лично особено задоволство што успеавме да ги анимираме и наградиме младите и талентирани програмери и добивме навистина голем број на интересни и корисни апликации специјално прилагодени за македонскиот пазар. Тие веќе слободно можат да се најдат на пазарот за апликации достапни бесплатно за сите. А во 2011 година секако дека ќе следат нови изненадувања.

Друштвените медиуми, односно корисниците ве прогласија како најдобра Тwitter компанија и ИТ компанија… какво влијание имаат друштвените медиуми во мобилната индустрија? Дали друштвените мрежи ги одвлекуваат корисниците од зборување по телефон?

Социјалните мрежи секако дека имаат влијание врз користењето на мобилните комуникациски услуги, но во обратната насока од онаа што ја спомнувате :). Мобилните телефони, посебно паметните телефони, се одлична алатка за да бидете достапни на социјалните мрежи и секогаш да бидете во контакт со своите пријатели каде и да се наоѓате. Затоа кога не сте пред компјутер, секако дека го користите вашиот мобилен телефон не само за да разговарате, туку и да бидете поврзани на вашата омилена социјална мрежа. Во Vip ја препознаваме важноста и значењето што социјалните мрежи го имаат врз современиот начин на живот, затоа и активно сме вклучени. Корисниците го препознаваат тоа, и ми претставува особено задоволство што ги добивме овие награди, токму од гласањето на корисниците на „мрежата”.

Паметни наспрема „нормални“ телефони. Како Vip ја доживува промената од уред кој е само телефон во уред кој е миникомпјутер, пред се во поглед на интересот кај корисниците и преку комуникацијата. Како ја проценувате иднината на паметните телефони, таблет компјутерите и комуникацијата во Македонија во наредните 5 години?

Vip силно верува во иднината на мобилните паметни телефони. Веруваме дека иднината е во мобилниот уред кој ќе биде вашиот уред за разговор, вашиот компјутер, интернет пребарувач, календар, вашата канцеларија… целокупната ваша комуникација. Уредите дефинитивно ќе бидат мобилни и паметни.

Дали Vip очекува брзо префрлување на корисниците од старите на паметни телефони? Дали има индикации дека паметните телефони подразбираат и повеќе комуницирање (поголема потрошувачка)?

Бројот на корисници кои поседуваат паметни телефони од ден во ден е се поголем и e експоненцијален тренд. Според наши и сознанија на други оператори, корисниците на паметни телефони генерираат значително повеќе сообраќај, од едноставна причина што во еден уред се обединети повеќе функции кои на мошне лесен и интуитивен начин се користат.

Дали очекувате наплив на таблет компјутери во 2011? На CES 11 се претставија меѓу 20-30 таблет компјутери од разни производители. Дали може да очекуваме дел од нив и во Македонија? Дали Македонија е пазар за такви уреди?

Vip прв го донесе на пазарот таблет компјутер Dell Streak, а веќе во продажба е и Samsung Galaxy Tab. Таблет компјутерите секако дека имаат своја публика и корисници, а 2011 година е прогласена за година на таблет компјутерите. Македонија можеби не е масовен пазар за овие уреди во моментов, но секако ќе се потрудиме на македонските корисници да им ги понудиме светските топ трендови и ќе помогнеме да се омасови нивната примена.

Една од критиките кон Vip е немање 3G мрежата? Но интересно нудите Dell Streak и Samsung таблет кои имаат 3G интернет кој исто така е достапен и на USB стикови? Зошто не и телефоните? Како се справувате со тој проблем и што може да очекуваме од Vip на тоа поле во 2011?

Vip оператор иако нема сопствена 3G мрежна инфраструктура во моментов, направи големопродажен аранжман и веќе неколку месеци нуди 3G услуги кои можат да се купат во продажните места на Vip.

Какво е вашето размислување за тоа што во 2011 се увезени над 2 ипол милиони нови мобилни телефони (бројка според Царината)? Што мислите зошто во Македонија секој граѓанин има по 2-3 уреди во џеб наместо еден примарен? Дали може да очекуваме тоа да се промени наскоро?

Бројката што ја спомнувате значи дека македонските граѓани ги сакаат новитетите и сакаат да имаат современи телефонски апарати. Самиот број на увезени телефони не значи по правило дека секој граѓанин има по неколку уреди, иако има и такви случаи, повеќе верувам дека се работи за желба да се имаат модерни и софистицирани мобилни апарати со напредни можности. Ние бевме пионери на пазарот кои ги промовираа т.н. flat или рамни тарифи кон сите национални мрежи и верувам дека придонесуваме за да полека почне да се напушта навиката од носење на неколку телефони со себе. Вреди да се нагласи дека бројот на корисници на услугата преносливост на број кои го префрлиле својот телефонски број во Vip секојдневно се зголемува, а самото тоа е показател дека се повеќе корисници одбираат да користат еден оператор, а со самото тоа и еден мобилен уред. Верувам дека тој тренд ќе продолжи – се разбира тоа ќе биде мобилен уред поврзан на мрежата на Vip :).

Има критики за мрежата, за покриеност на целата територија на Македонија? Каков е квалитетот на вашата мрежа?

Како што веќе знаете услугите на Vip се достапни на целата територија на Република Македонија уште од првиот ден на работењето на Vip, преку национален роаминг користејќи ја мрежата на еден од постојните оператори. Во изминатиот период успеавме да достигнеме 98% покриеност на населението со сопствена квалитетна мрежа. Се уште постојат делови во земјата каде што користиме национален роаминг. Како резултат на постојаните инвестиции во сопствената мрежа, сите мерења коишто се извршени покажуваат дека квалитетот на мрежата на Vip оператор е над европските стандарди. Се разбира дека постојано работиме и инвестираме во понатамошно подобрување на квалитетот, но и во насока на проширување на капацитетите на мрежата со цел да обезбедиме најдобри услуги за нашите корисници, кои се побројни од ден на ден.

15 коментари на “Интервју со Никола Љушев, директор на VIP, ИТ компанија на годината

  1. Intervjuto ne e najdobro, a za dobra mreza variraat nekade POD evropskite pa i bilo kakvi standardi osobeno sto nemaat 3G. Spored mene na VIP treba da se nagradat za Vip Komunikator, programata e zakon, osobeno ako si nadvor od Makedonija.
    @DARKO B. ne znam dali si bil skoro vo t-mobile pa da vidisk akva im e uslugata (barem vo salonite vo Kocani), cekav i po cel cas da dojdam na red i uste cel cas da zavrsam rabota i se neusluzlivi :@, za potpisuvanje dogovor ti treba cela vecnost za prekinuvanje dogovor da ne pravime muabet mi trebaa 3 meseci, dodeka vo Vip ne sum zadrzan povekje od 15 minuti iako odnosot sprema musteriite ne im e bas na nivo

  2. uste ne se najdobri ! da ne me svanete pogresno , deka sme tuka samo za kritiki i da jademe slatki …, koga ke si go resat problemot so servisot na VIP mobilnite , koga ke gi vospitat i ke im odrzat obuka na vrabotenite za kako se komunicira so musterija i koa nema vrabotenite da bidat namkori i ke si ja rabotat rabotata za koja se dosta dobro plateni "ekpeditivno" da ne mi dremat na saltero "demek imam sea rabota i ne me zamaraj idi u dr. salon" togas ke imat i od mene bravo a sum siguren deka i od mnogu drugi .
    Primer so servisot , pred eden mesec mi prodadoa rasipan telefon, t.e kapackata od zadi bese skrsena fabricka greska isiot den t.e po 2 h i go vrakam telefonot i veke cekam 30 dena i slusam samo arogantni tetki na telefon koj vikat "epa gospodine hahahahha me boli pic…. za tvojo tel "
    vo kes i plativ 20 000 den i go dogiv ova .!. . e koa ke gi resat site gore navedeni problemi togas " BRAVO "

  3. Не знам вас, ама мене интервјуво ми е празно. Освен помалку или повеќе стандардните информации кои досега се дистрибуирани преку соопштенија за јавност не прочитав ништо ново, ништо конкретно.

    Редно е некој да се реши да го скрши трендот на криење бројки и успеси или неуспеси. Веќе од неколку текста објавени изминативе неколку месеци (за жал) гледам дека тоа нема да е ВИП

  4. Се надевам дека ќе вложат пари во мрежата бидејки ЕДГЕ врската е каде каде поспора од Т-Мобиле.Исто така често ми прави дисконект и не е тоа тоа

  5. 1. Не прочитав конкретен одговор зошто 3G интернетот што го нудат е достапен само на USB стик, а не и директно на телефоните. Дали одговорот е заради тоа што користат мрежа од друг оператор?

    2. Не знам кои се "европските стандарди" кои ги надминуваат со квалитетот на своите услуги и капацитет на мрежата, но доколку јас (и куп други луѓе) буквално имаат "дупки" т.е. прекини при разговорот иако се наоѓаат на отворено (воопшто да не дискутираме при влегување во лифт) сериозно се сомневам дека "капацитетот" на нивната мрежа исполнува било какви стандарди.

    1. 1. Мора стик, пошто внатре има всушност Т-мобиле картица, со Вип лого на неа. Базните станица како таква и ја познаваат, замо се знае секој број на картица која е на вип и така им тарифираат на нив.

    2. Ако европските стандарди се под 0-та тогаш се убедливо најдобри со мрежа, не ми е јасно дали не лажат нас или себе.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии