Интервју со Мафиа.мк, веб сајт на годината

Мафиа.мк пред се изненади бројот на играчите. По објавувањето играта забележа над 20.000 играчи кои поминуваа куп време извршувајќи „виртуелен“ криминал. Криминалот беше една од критикита, сепак играта ја играа и помлади корисници, но во втората верзија се воведе и родителска контрола. Сега Мафиа.мк продолжува да расте. Се проширија во Бугарија, следат Србија, Турција и Албанија, а екипата зад играта веќе планира и нови проекти, нови игри.

Првин, честитки, второ, твое размислување за наградата на ИТ сајт на годината?

Ви благодарам за честитките, а уште повеќе ви благодарам за тоа што успешно оргaнизиравте еден ваков настан. Како прво наградата на ИТ за сајт на годината значи многу за мене и целиот тим на Mафиа.мк т.е. наградата ни дојде на крајот од годината како признание за успешно завршената работа и ни даде дополнителна мотивација за да продолжиме со развивањето на играта. Она што е позначајно за мене е тоа што македонското-интернет пространство, благодарение на ваквите настани бележи бавен, но сигурен напредок со што македонските веб разработувачи се повеќе размислуваат за развивање на локални апликации и веб сајтови.

Kако стартап, како ќе правите пари? Сигурно имате идеја за бизнис план?

Искрено кажано на почетокот немавме многу размислувано на бизнис стратегијата на Мафиа.мк. На почетокот на играта не размислувавме како потенцијален бизнис туку си го работевме онака како хоби. За релативно кратко време хобито прерасна во доста сериозна работа и веќе кога играта го доби својот најголем замав во почетокот на летото 2010 самото „серверче” не можеше да ја поднеси посетеноста, па бевме приморани да изнајмиме помоќни сервери кои секако се високобуџетни.

Најпрво се обидовме да најдеме спонзори, но завршивме без успех, па сосема случајно лутајќи низ интернет налетав на една наша онлајн маркетинг агенција со која некако успеавме да ставиме реклама на играта која се прикажуваше нецели 2 недели и со која успеавме да ги собереме потребните средства. Покасно изготвивме и маркетинг стратегија која може да ја видете тука http://www.mafia.mk/marketing/. Со пуштањето на кредитите очекуваме мали дополнителни приходи. т.е. играчите ќе имаат можност да купат дополнителни кредити во размена за вистински пари, се разбира кредитите во играта можат да се освојат и со самото играње така што играчите не се обврзани да плаќаат ништо за играта. Како и да е во глобала играта е бесплатна и ќе остани таква.

Што се случува со Мафиа.мк од стартување на втората верзија? Дали стартуваа кредитите и како се користат?

Како што напоменав во погорното прашање кредитите се уште не се пуштени, ќе бидат пуштени на годишнината од стартувањето на играта 28.02.2011 и со нив на играчите ќе добијат многу повеќе дополнителни опции, пример, играчот со кредитите ќе можи да си купи здравствено осигурување со што цената на лекувањето ќе се намали драстично, зголемени камати во банките и уште многу други идеи и предлози од самите играчи.

Играта постои веќе подолго време, дали интересот за неа е се уште како на почеток?

Да. Играта уште некое време ќе го слави својот прв роденден, а интересот за неа се разбира не е како на почеток (според статистиката бележиме 15% – 20% помала посетеност), но со навлегувањето во другите држави интересот горе долу е ист. Во глобала сме задоволни од интересот кон новата сезона на играта која започна пред нецели два месеци, а веќе има над 10.000 регистрирани играчи.

Сакавте да се проширите во Србија и Бугарија? Што се случува на тоа поле?

Да, веќе сме проширени во Бугарија и бележиме некаде по 700 – 1.000 посети дневно, а и да се пофалам дека почнавме да ги регистрираме и првите приходи од Бугарија. Српската верзија ќе започне на годишнината од играта, а веќе започнавме и со превод на играта на турски и албански јазик.

Има ли критики за криминалот во играта, или тој проблем го средивте со предупредување и родителска контрола?

До сега немаме регистрирано критики од некои родители во врска со содржината на играта, напротив имаме добиено пофалби за играта каде што родителите наведуваат дека нивните деца научиле да сметаат подобро, благодарение на берзите во играта. Како и да е дневно добиваме по стотина пораки од самите играчи дел од нив се критички настроени дел позитивни, но ме радува тоа што играта стана како едно општество каде што законите и правилата ги одредуваат самите корисници.

Имате ли некои слични проекти во план, некоја друга игра која ви го привлекла вниманието?

Веќе подолго време на таблата ни стојат повеќе проекти поврзани со онлајн гејмингот во Македонија, едниот е http://twitter.com/mobiomk кој е веќе 80% реализиран, а исто така и разработуваме уште една онлајн „игра” со која ќе биди таргетирана постарата популација. Во глобала се апликации и игри наменети за македонскиот пазар.

Во последно време доста внимание ми одвлекува една релативно „млада” технологија која ни доаѓа заедно со HTML5, тоа е WebGL која ни овозможува генерирање на 3D модели внатре во самиот прелистувач, па ништо чудно во скоро време и да видеме некоја Македонска 3D онлајн игра.

23 коментари на “Интервју со Мафиа.мк, веб сајт на годината

  1. Шо е ова лигавење, мислите ако оставите прекар овде, СО ТОА И МИ ТРОШИТЕ bandwith ДЕКА ЌЕ ДОБИЕТЕ нешто повеќе?
    Поздрав јас сум Георгиј, и не ја играм играва.
    ————————————————————————————————————————–

      1. Имате слушнато за Bandias? Скриптата им беше објавена.
        Bandias постои веќе 2 години пред мафиа.мк и во двете игри скоро се е исто.
        Да, сајт на годината – ајде да крадеме други скрипти и да ги преведуваме!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии