Спонзориран текст

Интервју со Лазо Илијоски: Работата со различни технологии ми помогна да станам Директор на технологии во ⋮IWConnect

Лазо стана дел од приказната на ⋮IWConnect во Скопје во 2019 како Технички архитект. Од тогаш па сè до денес бил вклучен во многу проекти и создал огромна вредност за нашите клиенти. Неговите силни познавања во областа на технологијата, страста за учење и напредување во кариерата, работата со различни и модерни технологии, позитивниот став и подготвеноста секогаш да помогне, му овозможија на Лазо да стане Директор на технологии. Во следното интервју прочитајте ја неговата целосна приказна.  

Кој е Лазо?

Себеси се сметам за личност која сака да истражува различни технологии и која се чувствува најдобро надвор од зоната на комфор. Секое подолго останување во зоната на комфор ме прави да се чувствувам дека губам чекор со современите трендови во технологијата, а тоа е трка која не можам да дозволам да ја изгубам. Во текот на мојата професионална кариера, сум имал можност да работам на различни проекти за компании кои се лидери во автомобилската и телекомуникациската индустрија. Подолг период од мојата кариера работев на развој и на банкарски решенија. Особено сум горд на продуктот кој го дизајнирав од нула и беше имплементиран во повеќе од 20 банки низ Европа.Приватно сум среќно оженет и татко на две прекрасни ќерки. Слободното време го поминувам со моето семејство и пријателите, но исто така и обожавам да шетам на кеј покрај Вардар, каде и често возам велосипед или ролери.

Што те натера да станеш дел од IWConnect?

Отсекогаш ме привлекувале различни технологии и работењето во мултидисциплинарна ИТ компанија е едно од најдобрите места каде можам да работам. ⋮IWConnect e дури и повеќе од она што очекував. Во оваа компанија, имам можност да работам со професионалци од различни области. Се восхитувам на професионалноста на тимовите и нивната посветеност кон постигнување на проектните цели. Повеќе од среќен сум што сум дел од оваа ИТ компанија која е инволвирана во различни проекти на кои се употребуваат модерни технологии и имам чувство дека едноставно припаѓам тука.

На што работеше изминативе две години?

Кога започнав да работам во ⋮IWConnect, имав можност да стекнам знаење и искуство за SnapLogic. Следствено, бев инволвиран во интеграциски проекти кои користеа SnapLogic  и добив можност да работам на проект за клиент кој е еден од најголемите производители на мебел во светот. За време на првиот проект за клиентот покажавме вистинска професионалност. Покрај фактот што навремено ги завршивме проектните задачи, исто така направивме оптимизација на доста процеси и воведовме механизми кои овозможуваат полесно следење на процесите, со што се постигнува мониторинг на евентуалните грешки и поедноставна анализа на причините кои довеле до тоа. Оваа успешна соработка сè уште трае и во моментот сме инволвирани во многу други проекти, со што дојде и до зголемување на тимот. Исто така работев на неколку пократки проекти за други клиенти. Соработката со сите нив никогаш не запре, и сè уште сме ангажирани на други проекти кај истите клиенти. Верувам дека тоа е доказ за квалитетот на нашата работа и врската која ја создаваме со клиентите, што всушност е тесно поврзано со нашата мисија да создаваме извонредна вредност за нашите клиенти.

Како успеа да станеш Директор на технологии?

Да се биде директор на технологии навистина е голема одговорност и патот до тука не е ни малку лесен, но сепак ми е драго што успеав да стигнам до ова ниво во мојата кариера, и што бев препознаен од менаџментот како добар кандидат за позицијата. Секогаш се водам од следните принципи:

  • Секогаш давај максимум од себе;
  • Вложувај го своето слободно време во подобрување на себе си;
  • Споделувај ги идеите со други и земи го во предвид нивното мислење;
  • Поддржувај ги другите на кои им треба помош;
  • Почитувај го секого!

Можеби овие принципи ми помогнаа да сум успешен и ценет член на компанијата. Секогаш треба да се внимава и да се одвои време за развој на нашите лидерски и меки вештини. Разните обуки кои сум ги посетувал ми овозможија да се стекнам со знаење и да можам да правам баланс на усогласеноста на приоритети и перформансите, што секако е од посебна важност не само за одржување на долгорочното задоволство на клиентите туку и за напредување во кариерата.

Што всушност значи титулата Директор на технологии?

Најпрво, позицијата сама по себе побарува голема одговорност и посветеност. Соработка со вработените во сите оддели и со клиентите е неопходна за да сме сигурни дека вистинските технологии се користат на вистинско место. Исто така самата позиција подразбира следење на најновите технолошки трендови и наоѓање на правилниот начин како истите да се вклопат во стратешките бизнис концепти на постоечките и потенцијалните клиенти, со што крајна цел е да се осигура успехот и на клиентите и на компанијата.

Идни планови?

Главната цел е промовирање на инклузивно опкружување каде вработените можат да ги споделат своите размислувања и идеи пред да донесат крајна одлука. Исто така ќе се обидеме да сме присутни и во други пазарни сегменти со понуда на услуги кои ќе нѝ помогнат да станеме уште поконкурентна ИТ компанија и посакуван технолошки партнер. Дополнително, постојат концепциски решенија изработени од различни тимови и заедно ќе се обидеме да ги надоградиме тие решенија и да ги промовираме како различни модуларни производи. Ова ќе  донесе комерцијална вредност на она што го развиле различните тимови како концепциско решение. Возбуден сум за периодот кој следува во кој очекувам да ги објавиме нашите први производи. Но за тоа ќе разговараме повеќе во следното интервју 😊.

Она што можам да го потврдам е дека никогаш нема да престанеме да разгледуваме нови технологии, нови иновативни решенија и ќе се стремиме да бидеме лидери во сите технолошки трендови.

Напомена: Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на :IWConnect. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии