Интервју со Ericsson: 4G/LTE ќе може да ги поврзе руралните средини и ќе обезбеди подобри услуги

По неколку неуспешни тендери за 4G/LTE технологија, конечно минатата недела се пријавија сите три македонски мобилни оператори. Фрекфенциите беа разделени, и сега очекуваме до крајот на годината да видиме имплементација на оваа нова технологија која нуди побрз мобилен интернет и поефикасни мобилни сервиси. Полека, но сигурно сите ќе имаме паметни уреди кои ќе ни помогнат да живееме во поповрзано општество.

Разговаравме со Маурицио Де Доминикис, директорот на Еricsson за Југоисточна Европа, за новите 4G технологии, нивниот потенцијал и за што следи потоа. Ericsson како телекомуникациска компанија веќе работи на развивање на идните 5G мобилни мрежи кои ќе треба да го издржат се поголемиот мобилен сообраќај.

Според Ericsson, дали македонскиот мобилен пазар е доволно развиен за да привлече уште иновации и нови технологии? Како би го споредиле со соседните земји? 

Македонскиот пазар е доста развиен, во последните пет години видовме развој на 3G технологијата, а до крајот на годината ќе има и 4G/LTE. Ericsson како водечка ИКТ компанија на македонскиот пазар од 1997-ма година, верува во потенцијалот на локалниот пазар, и ние сме тука да го пренесеме знаењето и вештините од нашата глобална експертиза. Од 1997-ма година, Ericsson е посветен на поддршката на операторите, и имплементацијата на најновите технички решенија на локалниот пазар. Можеме да кажеме со сигурност дека македонскиот пазар е чекор понапред од другите земји на Балканот, и неговиот пазар може да се спореди со многу други земји во Европа.

Кога го очекувате 4G/LTE во Македонија? Што може таа технологија да донесе тука, во смисла на потенцијални комуникациски и дата сервиси, како и ТВ сервиси? 

Фрекфенциите за LTE веќе се најавени и очекуваме дека ќе има голем интерес од операторите за таа технологија. До крајот на годината, веруваме дека ќе видиме стартување на LTE услуги како основа на пософистицирани сервиси, пред се во областа на телевизијата и видеото. Технологијата ќе донесе подобри услуги за крајните корисници, како и дополнителен профит за операторите.

Дали може 4G/LTE да ги поврзе руралните области? 

Ова зависи од ангажманот на операторите, што е очигледно одлука базирана на бизнис инвестиции. Но LTE генерално не е само за да понуди подобро искуство за крајните корисници, туку и да развие нови сервиси и можности. Генерално мобилните броадбенд технологии, како и 4G/LTE технологијата – споредено со претходните 2G/3G технологии – се поефикасни од фиксните броадбенд технологии во користење на достапниот спектар и се подостапливи според цената, за да бидат искористени од мобилните оператори за руралните области.

Видовме во последниве неколку години како и во развиените мобилни пазари како САД, Јапонија или Германија, 4G/LTE мобилните сервиси се користат за поврзување на поодалечените рурални средини. Во земјите каде пенетрацијата на броадбенд сервиси не е толку висока, 4G/LTE може да се покаже како поефикасен начин за брзо поврзување на повеќе заедници и луѓе.

Ericsson објави истражување за 5G. Дали може да ни кажете нешто повеќе за оваа нова безжична технологија, и кога да ја очекуваме? 

5G ќе одговори на разните предизвици на идните мрежи кои ќе треба да издржат поголем сообраќај, дури 1.000 пати повеќе од тоа што гледаме денес, и кога ќе има побарувачка далеку повеќе одошто има сега; се до повеќе-Gbps за специфични сценарија или неколку стотици Mbps генерално. 5G решението нема да биде составено од една технологија, туку од повеќе комбинации на технологии со радио пристап. Ова вклучува постоечки мобилни броадбенд технологии како HSPA и LTE кои ќе продолжат да се развиваат, и ќе биде основа за решенијата со радио пристап по 2020-та година. Но, ова ќе вклучува и нови соодветни технологии со радио-пристап за специфични користења. Паметни антени, проширен спектрум – со повисоки фрекфенции – и подобра координација помеѓу базните станици ќе се круцијални за исполнување на потребите на иднината. Дополнително, мобилните-броадбенд технологии ќе се прошират во нови развојни сценарија, како за комуникација помеѓу машините.

На неодамнешна прес-конференција, зборувавте за како Ericsson има корпоративна одговорност и издржливост. Што Еricsson прави за да се осигура дека технологијата ќе се користи за добри цели во Македонија? 

Од првите минути кога нашите вработени влегуваат во канцелариите на Ericsson и го потпишуваат Кодот за бизнис етиката, се до моментот кога ја потпишавме иницијативата со Обединетите Нации, ние имавме една клучна идеја: ние мораме секогаш да бидеме партнер со доверба, компанија која го движи пазарот етички и помага за добрите цели. Продолжуваме со нашите напори да ги покажеме бенефитите од „технологијата за добро“ со помагање на фармерите, давање ИКТ пристап до образовната заедница и во намалување на јаглеродот во нашите продукти.

На македонскиот пазар, на кој сме од 1997-ма година, горди сме што сме првите кои, заедно со Министерството за земјоделство, имаат имплементирано пилот-проект  за земјоделската зедница, со име e-Agro. Ова е мобилна платформа за размена на информации и трговија помеѓу производителите на агрикултурните добра и земјоделците и производителите на храна. Решението е да се креира лесен за користење „пазар за агрикултурни добра“ каде се спојува побарувачката и понудата за такви продукти, и каде можат да се воспостави инстант трговија. Тоа дозволува на секој фармер да ги провери глобалните цени за својот продукт, што ќе му заштеди на време и енергија, како и да креира основа за достапна екстровертна економија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии