Тимот ENTITY на регионалниот турнир во Counter Strike KODE5 во Србија го освоија првото место, со што се квалификуваа за големото финале на ова натпреварување кое ќе се одржи во Моска на 9-10 Мај. Следи интервјуто со тимот на ENTITY, или Александар Киселинов (helius), Јован Каланоски (KaLaN), Ангел Грозданоски (eRRor), Ѓоко Лабоски (aIm1ghty) и Алтај Реџеп (rdn)….

Како се чувствувате по победата во Србија што ве води на големото финале во Москва?

Бидејќи нашите очекувања не беа толку големи, особено по натпреварите во групи, многу сме среќни и чуството е неверојатно.

Читав на Insomniapro.com дека сте имале лош старт по првите 2 меча, односно 1 нерешен, 1 пораз и „дека не остануваа ништо друго само победа во следниот меч за продолжување на натпреварувањето“. Победивте но дали си помисливте тогаш дека можеби не е вашиот ден, следната година подобро…?

По првите 3 меча знаевме дека ќе ги поминеме групите бидеќи екипата од Црна Гора, со кои бевме во иста група, ги победи KGG од Србија кои не победија нас и со тоа ни обезбедија понатамошен пласман. За мечевите во групи бевме сместени во мала просторија во која беа и други 4 екипи и комуникацијата меѓу нас ни беше отежната, а комуникацијата е многу важна. Но откако за четврт-финалето не сместија во просторија во која бевме само ние добивме самодоверрба дека ќе успееме да ги поминеме сите пречки.

Како ви беше кога за противник во четврт-финалето го добивте другиот македонски тим SimpleX? Сигурно играте заедно често и се познавате добро и со тоа си ги знаете и тактиките. Како го победивте SimpleX тимот, долгогодишните македонски првак во CS? Ви беше криво потоа? :)

Претходно имавме одиграно многу партии со SimpleX и нормално знаевме до каде се и дека сме многу слични во нашата игра па одлучувачки беа психичкиот фактор како моралот, мотивацијата, исцрпеноста итн. По натпреварот ни беше многу криво затоа што се соочивме во четврт-финале со нив, ќе беше подобро да се сретневме во финалето. Но ова е како и сите други спортови и такви нешта се случуваат.

Што мислите за стереотипот за гејмерите каде гејмерот се гледа како „nolifer“ затворен во соба?

Тоа зависи од самиот гејмер, дали тој ќе се изолира во неговата средина за да игра игри цел ден во затворена просторија односно да стане nolifer или едноставно ќе ги комбинира двете работи како што правиме ние. :)

Има ли гејмиг заедница во Македонија? Покрај CS кои други игри се играат?

Гејминг заедницата во Македонија за жал не е доволно развиена иако веќе многу години се игра на големо. Најексплоатирана е Counter-Strike, за која се организираат неколку турнири годишно иако со недоволно вредни награди. Има многу други игри кои се играат како на пример познатата мапа за Warcraft III – Dota, Call of Duty, World of Warcraft, FIFA итн. но за нив едноставно не се организираат турнири и затоа во тие игри тешко дека ќе имаме преставник на професионално ниво на некој голем турнир

Кажете ни нешто за луѓето зад ENTITY. Што работите, хоби, колку време поминувате пред компјутер, колку често тренирате и какво влијание имаат видео игрите врз вашиот живот….?

Секој од нас се занимава минимум 5 години со CS и сеуште ни претставува хоби кое некогаш лесно некогаш потешко го сместуваме во нашите дневни обрски. Инаку тројца од тимот имаме по 17 години и сеуште сме во средно училиште. Ангел има 22 години и има завшрено факултет, но моментално не работи и Јован има 24 години и има завршено факултет и работи. Дневно на компјутер поминуваме 5-6 часа некогаш помалку некогаш повеќе. Досега трениравме 3-4 часа дневно, 4 дена во неделата но одсега ќе го зголемиме интензитетот за да се покажеме во достојно светло на големото финале во Русија. Играта, нормално, има големо влијание врз нашите животи, ни донесе голем број различни искуства, а и прошетавме градови, држави, запознавме нови пријатели…

Кој ви е омилениот стил на игра во Counter-Stike… скриени со снајпер или одблиску со нож во грб?

Хаха :D Омилен стил на игра немаме, едноставно секој си има различни улоги. На пример, Јован игра само со снајпер, а другите четворица ги форсираме рафалните пушки. Ножеви се ретка работа на официјални мечеви. :D

Првата награда во Москва е 25.000 долари, втората 10.000, третата 5.000. Може ли да се живее како про-гејмер кој ќе се фокусира на профитирање или забавата е на прво место?

Наградите на вакви турнири се огромни. но не е само тоа. На пример во Германија тимовите се огранизирани во две лиги како во фудбалот и повеќе од нив се професионални тимови кои си имаат менаџерски тимови зад играчите и нормално играчите се платени месечно со големи суми кои се поголеми дури неколку пати од платата на просечниот човек во Македонија. Значи се игра за пари, но нормално и за забава и дружење.

Според вас иднината на е-спортот во светот е….

E-спортот, според мене, има огромна иднина особено што компјутерите завземаат се поголем замав а и спортот се развива. Времето ќе си го каже своето.

… а во Македонија?

Ако големите компании кои се поврзани на некој начин со компјутерите, интернет односно они кои се заинтересирани во таква средина, почнат да одвојуваат дел од своите ресурси за гејминг спортот ќе има светла иднина.

По победата во Москва, што ќе правите со парите? :)

Хахаха Иако шансите се мали, кога би ги освоиле тогаш би размислувале.

1 коментар на “Интервју со ENTITY – македонски CS тим

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии