Спонзориран текст

Интервју со Димитар Силјановски: „Интертек започнува со развој на експертиза во Microsoft технологиите“

Спонзорирано од Intertec

во Спонзорирани

Интертек, ИТ компанија за развој на софтверски решенија, со главно седиште во Минхен,  Германија и со канцеларии во Германија и Македонија продолжува со своите планови за раст. Годинава ја започнува со развој на експертиза и во Microsoft технологиите и во моментот го проширува својот тим со Senior и Intermediate Microsoft .net инженери.

За сегашните и идните активности на Интертек, прочитајте повеќе во интервјуто со основачот и директорот на Интертек, Димитар Силјановски.

Интертек започнува со развој на експертиза во Microsoft технологиите. Кои се причините за ваквиот чекор на вашата компанија?

Интертек е компанија која работи на германскиот пазар и сѐ повеќе ја зацврстува својата позиција со medium и enterprise бизнис корисниците. Познато е дека Microsoft веќе подолго време е присутен со своите технологии во овој дел  од компаниите и поради тоа како стратешки партнер на повеќе клиенти решивме и ние да започнеме со развој на експертиза во Microsoft технологиите.

Кој е вашиот пристап за развој на експертиза во Microsoft технологии?

Нашата цел е постигнување високо ниво на експертиза во Microsoft технологиите, како што имаме и во останатите технологии со кои што моментално работиме. Тоа секако ќе го постигнеме со континуирани инвестиции во постоечките како и нови вработени во оваа област и со реализација на веќе обезбедените поголеми и покомплексни проекти со нашите клиенти.

Согласно развојните планови на компанијата, со кој интензитет би се зголемувал Microsoft тимот во следниот период?

Планот за 2021 е овој тим да брои минимум 10 експерти. Моментално имаме 5 отворени позиции во рамките на .net  и сме во потрага по Senior и Intermediate инженери да ни се приклучат во тимот во Скопје. Во 2022 очекуваме овој тим да продолжи да расте со исто или поголемо темпо

Што е она што ја издвојува Интертек како компанија?

Интертек е компанија која се фокусира пред се на развој на технологии. Во исто време е компанија која постојано вложува во создавање на простор за отворена комуникација, соработка и мотивација на индивидуалци и тимови чија задача е идејните решенија од хартија да ги претворат во реалност. Културата на компанијата е сконцентрирана околу вработените и нивниот професионален и личен развој со крајна цел дека работата треба да преставува задоволство.

Пред точно 6 месеци, ја отворивте новата ИТ канцеларија, уредена во духот на светските модерни ИТ компании. Која беше главната цел за ваквата инвестиција?

Како компанија сакавме да создадеме простор во кој вработените ќе уживаат да го поминуваат своето време, ќе најдат удобност и ќе можат креативно и продуктивно да се изразат и да напредуваат располагајќи со сите потребни ресурси. Секој дел од канцеларијата е внимателно создаден со намера да поттикне атмосфера на соработка, комуникација, учење и пријателско расположение кое е неопходно за мотивација низ деновите поминати во заедничка работа.

Годинава, ќе прославите 6 години постоење на македонскиот пазар. Какви се импресиите од досегашниот раст и каде се гледате за 10 години од денес?

Првите неколку години растот на компанијата беше во просек 70% на годишно ниво, но во мали бројки тоа и не е толку голем раст. Убавината е што тој раст се задржа и кога пораснавме и поголеми, и денес после скоро 6 години постоење на пазарот имаме повеќе од 120 вработени и многубројни надворешни соработници. Со зголемување на бројот на технологии во кои сакаме да ја развиваме својата експертиза, до средина на следната година во план ни е сегашната бројка на вработени двојно да ја зголемиме.

За 10 години, Интертек ја гледаме како компанија со околу 500 ИТ експерти вработени на повеќе локации низ регионот и Европа развивајќи високо квалитени решенија за свои и потребите на нашите клиенти.

Со оглед на тоа дека живееме во време на пандемија, како Интертек се справува со предизвиците кои ги носи истата?

Нашата предност како софтверска компанија е што ја имаме флексибилноста полесно да се адаптираме на вакви промени. Од самиот почеток на пандемијата, ги обезбедивме сите услови за нашите вработени да можат непречено да работат од дома. Исто така, благодарение на современите алатки, комуникацијата и соработката со нашите клиенти во странство се одвива без некоја поголема пречка. Во однос на развојните планови за годинава, може да се пофалиме дека и во време на пандемија, Интертек успешно го реализираше планираниот компаниски раст за 2020.


Напомена: Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на  Intertec. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии