Интервју со Александар Стојановски (Jooce.com)

Сервисот Jooce.com е едноставно решение за сите сајбер номади кои секогаш се наоѓаат на различен компјутер. Овој приватен, он-лајн десктоп е сигурен интернет комуникациски портал каде што може да слушате музика, да споделувате фајлови, да зборувате со вашите пријатели преку разните ИМ клиенти, да користите е-маил во едноставна платформа наменета за тоа, да организирате фајлови кои ќе ви бидат достапни каде и да сте преку едноставен пристап на веб и уште многу други интересни работи.

Овој проект е создаден од тројца пријатели кои заедно (со години) работеле во една невладина организација базирана во Париз, Франција, меѓу кои и македонецот Александар Стојановски.

Желбата за создавање на интернет апликација која ќе ги истакне можностите на веб просторот, ги обединило тројцата пријатели да го создадат Jooce.com, сервис под слоганот “Power to the people.”

По објавувањето на интервјуто во Плагиј.ат со Александар Стојановски направено од Калина Зографска, IT.com.mk им даде можност на членовите на својот форум да му постават прашање на Александар во врска со Jooce.

Следи кратката сесија на прашања и одговори:

1. Зошто и од каде баш такво мото – “Power to the people” за Jooce.com?
Jooce е платформа која отвара многу можности за интернет корисниците – посебно за оние маси кои немаат свој компјутер. Значи Jooce е еден вид двигател за овие луѓе, и плус го сакаме Џон Ленон.

2. Кое е значењето на зборот “Jooce”?
Има неколку значења, на англиски “сленг” – енергија, а во исто време нешто свежо.

3. Од каде се роди идејата за Jooce? Дали сегашниот концепт ви беше првичната замисла или првичната визија беше далеку од оваа?
Во прво време имавме концепт за е-маил клиент кој е претставен како десктоп – со доаѓањето на инвеститорот и нови кадри, идеата еволуираше и нормално понатаму уште ќе продолжи да еволуира.

4. Сајтот е дизајниран во Flash. Зошто се решивте на ваков чекор? Зошто баш Flash а не Ajax?
Ajax е лимитиран во многу домени, додека Flash ни овозможува многу новини од функционален, но и естетски поглед.

5. Дали има планови за вклучување на Skype во проектот?
Ќе видиме понатаму, би можеле да имаме и своја сопствена телефонска и видео алатка.

6. Колку од изворниот код за Jooce е создаден на македонско тло и/или од Македонци, и кои се тие?
Лазо Лазарев работеше на дел од изворниот код.

6. Колку корисници има засега Jooce.com и кои се вашите реални очекувања во 2008 за проектот? Што се надевате дека ќе се случи и на што највеќе ке ги концентрирате вашите сили и ресурси оваа година?
Досега имаме едно 150,000. Фокусот сега е да се направи платформата “scalable” за да може да ги вклучиме сите вирални фактори кои би не донеле до волшебната бројка од еден миллион корисници во текот на 2008 – понатаму е многу полесно.

7. Што е тоа WebOS и дали Jooce.com се рачуна како WebOS според дизајнот и функционалноста?
Па WebOS се интернет платформи кои изгледаат како еден оперативен систем кој функционира на интернет. Ние би можеле да бидеме во една ваква категорија, но се дистанцираме од таква етикета затоа што едноставно не е толку интересна за генералната популација.

8. Засега е истакнато на сајтот дека лимитот е неограничен за уплоадирани фајлови… како се снаоѓате со ова? Кои се најчестите проблеми кои се јавуваат поврзани со уплоадирањето на фајлови, доколку ги има?
Има некои проблеми кога се уплоудираат големи фајлови од повеке стотици мегабајти, но тие треба брзо да се решат.

9. Дали постои интерест за премиум сервисите на Jooce.com?
Размислуваме и на нив, иднината ќе покаже.

10. Како им гарантирате на корисниците дека имаат приватност кога го користат својот Joocetop и дека нивните ИМ разговори не се зачувани на некој сервер?
Тоа се стандардни процедури кои ги заштитуваат податоците од хакери итн. Доколку станува збор за податоци кои треба да се предадат на официјални институции, ние сеуѓте сме мали за некој да ни ги бара тие податоци. Државите во денеѓната анти-терористичка констелација се многу агилни на тој план така што ни големите гиганти не можат да им противречат многу.

11. Како ќе го избегнете проблемот со искористување на Jooce.com за споделување на илегален софтвер и материјали кои нарушуваат авторски права?
Споделувањето на податоци И фајлови е стриктно помеѓу приватни групи. На тој начин немаме некое масовно споделување на ваков тип содржини. Доколку се појават илегални содржини – ние ги елиминираме истите.

12. Доколку можеш да се вратиш назад во времето кога првично почнавте да го реализирате проектот, што би сменил?
Би ангажирал повеќе адвокати и би размислувал многу повеќе пред потпишување на некои договори.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии