Интервју со Formon, најиновативниот албански стартап кој разви свој 3Д принтер

Во април Formon беше прогласен за „Иновација на годината“ на Албанските национални ИКТ награди 2016, и со право. Приштинскиот стартап, кој беше стартуван во април 2015 година, има фантастичен продукт – свој 3Д принтер кој може да претвори било кој виртуелен модел во вистински објект. Нивниот Formon Core работи на технологија наречена Fused Dеposition Modeling со која органската пластика се топи и се реди слој врз слој, креирајќи конечен физички објект.

„Верувавме дека 3Д принтањето може да го модернизира производството како што претходно го направија тоа компјутерите и интернетот со изработка и процесирање на информациите. Веруваме дека достапната роботика и 3Д принтањето се следната технолошка граница на овој век, и сакаме да бидеме дел од таа индустрија“, вели Рон Цена, основач на Formon.

13383540_1767522826800281_1642216528_o

Рон воопшто не греши во својата проценка. 3Д принтер индустријата зема сѐ поголем замав, и ако можеби сте прочитале фантастични текстови дека NASA планира да ја колонизира Месечината со 3Д принтани објекти; сепак пореална слика се анализите кои велат дека 3Д принт индустријата ќе тежи над 30 милијарди долари до 2022 година.

Стартувајќи сега, Formon пред себе имаа одлична можност. Но, иако им требаше само една година да се претстават како најиновативниот албански и косовски стартап, тимот на дизајнери и технолошки ентузијасти работеше многу подолго време на својот продукт. Првичната идеја, објаснува Рон, беше да се понуди 3Д принтање како сервис. Клиентите да им испратат фајлови кои тие ќе им ги испринтаат во готов продукт и ќе им го пратат назад. Таргет групата им беа архитекти, дигитални уметници, индустриски дизајнери и механички инженери кои постојано користат 3Д прототипови во својата работа. Tаа основна идеја се претвори во иновативна идеја откако дечките од Formon направија истражување на пазарот, и открија дека 3Д принтерите се прескапи дури и за професионалците на кои им требаат најмногу.

За почеток купија 3Д принтер од 2.500 долари на кој потрошија пет месеци да го проучат и да откријат како всушност работи: кои му се брзините на принтање, температурите кои ги достигнува и како се движи филаментот. „Тоа цело искуство беше навистина хаотично и напорно. Во тој период на истражување на пазарот, додека експериментиравме со принтерот, развивме некој концепт како може овие уреди да изгледаат. Фидбекот што го добивме одејќи од врата до врата на архитектонски и инженерски канцеларии во Косово и Албанија, ни даде прилично јасна слика дека тие би купиле ваков уред ако е под 1.000 долари, и ако се лесни за користење. Ова е одлична алатка за дизајнерскиот и инженерскиот процес, но 3Д принтерите кои се продаваа беа навистина скапи“, вели тој.

Rron Cena, основач на Formon

Rron Cena, основач на Formon

За нивниот иновативен принтер Formon ја следеше традиционалната пракса. Го оутсорсираа производството на делови кај специјализираните производители, но го составуваа и развиваа својот принтер локално. Нивната задача беше да ја изработат електрониката, механичкиот систем и да ги спојат деловите, додека задачата на 11-те компании во Кина, 2 од Косово, по една од Македонија и Германија, беше да им ги испорачаат специјализираните делови.

„За секој производител што го избравме, мораше да преговараме со десет, да договориме цени, инжинерски детали. Преговаравме со над 150 компании, што беше долг процес“, вели Рон. „Најдоброто нешто што го добивме од ова, беше знаењето што производителите го споделија со нас во пред-продукција, и сите нивни забелешки што ги понудија за да поедноставиме некои процеси. Сега, имаме веќе поставени продукциски канали за нови и различни продукти“.

v001

Следниот предизвик за Formon беше да оформат тип од осум експерти во различни полиња, од софтверски инженери до луѓе што разбираат роботика, кои потрошија уште 12 месеци креирајќи ги првите прототипови. Потоа следеше градењето на бизнис стратегијата, во што беа вклучени сите од тимот. „Работата на бизнис планот и собирањето инвестиции беше напорно за тимот, бидејќи сите беа вклучени и ја знаења важноста да се постави вистински бизнис систем. Важно е да знаеш до каде сакаш да одиш во бизнисот, бидејќи тоа влијае врз одлуките што ги правиш за развојот на продуктот, како кои материјали да користиш, цената на изработката, производството и скоро сите бизнис операции што требаше да ги направиме подоцна“, вели Рон.

Кога беа задоволни со продуктот, откако видоа дека електрониката и софтверот работат, и дека може да го испорачаат за помалку од иницијалните 1.000 долари, следниот чекор беше да побараат инвеститори. Formon потроши осум месеци во иницијални преговори со инвеститори. „Скоро сите локални ангел-инвеститори покажаа интерес во продуктот, кревајќи ви ја надежта, и на крај се повлекуваа“, вели Рон. Причината за ова е што инвеститорите се уплашени од „ризичниот и тежок“ хардвер.

„Го разбираме тоа, но не престанавме да бараме инвеститори, иако и најискусните бизнисмени не разочаруваа, но тоа само покажуваше дека не ја имаат истата визија како нас. На крај на денот, потребен ти е само еден инвеститор“, вели тој.

2nd prototype 2

На крај го најдоа тој еден инвеститор, и можеби очекувано, тој не беше локален. Рон не сакаше да го именува, но рече дека инвеститорот е дел од албанско-германската дијаспора и дека го разбира процесот на изработка, дека е процес со „обиди и грешки“, за разлика од локалните инвеститори кои бараа совршен и конечен продукт. Првите пари пристигнаа во октомври 2015-та и од тогаш Formon се впушти во барање на продавачи.

4th Prototype 1

Веќе имаат нарачки од Косово, Албанија, Македонија, Германија, Канада и Британија, и може да се очекува наскоро таа листа да биде подолга. Секако, планот е да се таргетира интернационалниот пазар кој е конечната цел. Но, пред да го освојат светот Formon се фокусира првин на локалните пазари. Косово е првиот пазар кој сакаат да го тестираат, бидејќи сакаат да добијат фидбек за продуктот и услугата.

„Нашиот главен фокус е на квалитетот на продуктот, и сега се фокусираме на градење на екосистем за 3Д принтање и регионална 3Д принт заедница. Имаме и други продукциски концепти кои би сакале да ги тестираме откако Formon Core биде готов и продукциската линија биде без грешки“, вели Рон.