Спонзориран текст

Internews доделува грантови за мултимедијална содржина

Спонзорирано од Internews

во ИТ.МК, Спонзорирани

Internews почнува прекуграничен проект кој ќе се занимава со изработка на мултимедијална продукција на вести и со регионална размена на медиумска содржина наречен “Јакнење на независните медиуми во Европа и Евроазија”.

Целта на овој проект е на граѓаните да им обезбеди пристап до проверени информации за локални, регионални и глобални теми од јавен интерес и значење.

Во рамките на овој проект, регионалната канцеларија на Internews во Сараево, Босна и Херцеговина ќе обезбеди мали грантови и едукација на медиумските партнери за создавање и размена на мултимедијални вести во Македонија и збогатување на нивните веб-страници, со што би ја зголемиле нивната читаност и посетеност. Internews исто така ќе обезбеди и поддршка на новинарите кои се занимаваат со регионални теми од јавен интерес и значење.

Проектот освен во Македонија, ќе се спроведува и во Србија, Косово, Албанија, Црна Гора и во Босна и Херцеговина. Во земјава, тој ќе се препознава како “Македонија Плус” проект.

Медиумските партнери во Македонија ќе добијат мали грантови (максимум 10.000 американски долари по грант) за продукција и изработка на тематски мултимедијални пакети, како и поддршка за нивно уредување и изработка, менторска поддршка и обука за зголемување на професионалните вештини. Преку јавен повик, ќе се изберат два медиумски партнери. Еден мултимедијален пакет ќе подразбира изработка три мултимедијални материјали.

Проектот ќе поддржи и создавање регионални, прекугранични приказни кои ќе покриваат теми кои се важни за граѓаните на Балканот. Продуцентите кои ќе бидат избрани на јавен конкурс ќе добијат грантови за патувања во други земји кои се опфатени во овој проект, со цел да известуваат на заеднички теми.
Проектот “Македонија Плус” ќе трае во период помеѓу февруари 2019 година и јуни 2020 година.
Јавниот повик за мали грантови е отворен од 10 јануари до 1 февруари 2019 година.

Целосниот водич на јавниот повик, како и целосната апликација за учество и формулар за буџет, може да ја најдете на следниот линк.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии