Internetvention: Old Spice стартува нова откачена кампања со лажни сајтови

Old Spice можеби ќе остане запаметен како бренд кој ја имаше најиновативната маркетинг кампања на Интернет. Креирана од маркетинг агенцијата Wieden+Kennedy, кампањата на Old Spice, стартувана во 2010-та година, се состоеше од налудничави YouTube видеа преку кои Исаја Мустафа, или попознат како The Man Your Man Could Smell Like, комуницираше со публиката, објаснувајќи и што треба да прави вистински маж, секогаш подготвен за епски достигнувања.

По неверојатниот успех на виралните видеа, прегледани околу 50 милиони пати, беше само прашање на време кога Old Spice и Wieden+Kennedy ќе стартуваат нова интернет кампања. Овојпат наместо лудите разговори со публиката, се користат лажни банери и сајтови за смешни продукти. Видео рекламите со Исаја Мустафа се скриени зад лажните сајтови, а се појавуваат штом ќе кликнете на некој од измислените продукти. По лошиот избор, на сцена се појавува г. Мустафа, повторно полугол, и лут што сте одбрале глупав производ, наместо тој вистинскиот продукт што ќе ве направи вистински возрасен маж! Стартувани се вкупно девет сајтови, креирани од Stinkdigital, со видео материјал од 20 минути.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии