Но… проблемот со земјите во ЕУ е што се разделени, во смисла на јазикот и се уште не соодветните европски регулативи и соработки меѓу земјите за развивање на е-банкарство, е-шопинг и слични е- услуги кои ќе можат да го подобрат квалитетот на живеење.

„Дигитална разделеност“, како што вели евро-комесарката за ИТ, Нил Крос, е еден од првичните проблеми поврзани со дигиталната ера. Во поединечните земји таа разделба е меѓу граѓанинот кој има брз интернет и тој од руралните средини кој нема никаков пристап до интернет. Истата разделба се појавува и меѓу земјите-членки. Додека во едни земји 90 отсто од граѓаните имаат 10, 20 или 100 Mbps брз широкопојасен интернет, во други половината од населението нема никаков пристап до интернет и со тоа е раздвоено од нови технологии кои бараат брза конекција и е-услуги кои може да ги понуди Унијата.

Затоа Дигиталната Агенда има зацртано основен широкопојасен пристап до сите ЕУ граѓани до 2013 година. Тоа се однесува и на сите заинтересирани-за-ЕУ земји како Македонија во која моментално 51 отсто од луѓето имаат интернет пристап.

Подолу е статистика од топ 20-те европски земји според број на интернет корисници, и според интернет пенетрација, изработени од RoyalPingdom со податоци од Internet World States.

1 коментар на “Интернетот во Европа и дигиталната разделеност

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии