Интернетот сега е јавна услуга во САД

Американската Федералната комисија за комуникации (FCC) ја изгласа политиката за интерент неутралноста. Сосем очекувано, промената е изгласана со 3-2 гласови предводени од демократите, јави NPR.

Како што беше познато од порано, одуката опфаќа промена на интернет во Title II на Законот за телекомуникации, со која сега операторите се класифицирани како транспортери на интернет сообраќај. Ова овозможи класификација на интернет операторите како компании за јавни услуги, а со тоа и даде контрола на FCC да ги регулира операторите. Регулацијате нема да биде само на фиксните врски, туку и на мобилниот интернет за кој ќе важат истите правила.

Одлуката на FCC веднаш беше поздравена од поддржувачите на отворен интернет.

„Ова е победа за слободата на говорот, јасно и едноставно. Американците користат интернет не само за игра и работа, туку за разговори за политика и да научат за светот околу нив. FCC има клучна улога во заштита на граѓаните о можноста да видат што сакаат и да кажат што сакаат онлајн без пречки. Title II дава најсилен темел за ова“, вели Гејб Ротман советник во ACLU.

Но и на негодувања на сите кои не мислат така.

„Одлуката на FCC да воведе застарено правило за телефонија на широкопојасниот интернет е голем чекор назад за американските широкопојасни мрежи и сите кои зависат од нив. Title II правилата одат подалеку од заштита на отворениот интернет, и започнуваат деструктивен период на владино микроменаџирање, кое скапо ќе не чини. Ќе ги забави инвестициите во нови мрежи и ќе ја забави иновацијата која допринесе за интернет каков што имаме денес“, велат Џон Сунуну и Харолд Форд Помладиот од Broadband for America.