Интернетот на се ќе вреди 19 билиони долари до 2020-та година

„Интернет на се“ има потенцијал за огромен напредок и развој во годините пред нас. Според анализата на Cisco, „Интернетот на се“ има потенцијал чија вредност се проценува на 19 билиони долари, а до 2020 година се проценува дека комбинирано ќе бидат поврзани 50 милијарди уреди и луѓе. Од 19 билиони евра само 5 отпаѓаат на влади и јавен сектор, а дури 14 билиони евра ќе бидат во приватниот сектор, вели Падма Вариор, CTO на Cisco за Singularity Hub .

Мрежата од 50 милијарди уреди ќе овзможи креирање на помошна мрежа од уште повеќе сензори, кој постојано ќе не набљудуваат. Ова звучи навистина страшно, но доколку добро се обмисли и не се дозволи нарушување на правото за приватност и неконтролорано следење, придобивките би можеле да бидат навистина големи. Надвор од примерите кои веќе можеме да ги видиме, Nest термостат или противпожарен аларм, паметни светилки или телевизори, највозбодливата примена е сеуште нереализирана, иако искуството на посетителите во Disneyworld е поглед во иднината.

Во иднина благодарение на минијатурни сензори за кои во идеален случај нема ниту да бидеме свесни, а ќе ги заменат паметните телефони, алки или часовници, секој корисник ќе добие персонализирано искуство секаде. На пример ако одите да купите телевизор би можело веднаш да започне вашата омилена програма, па на телевизорите „волшебно“ би можеле да зaпочне Game of Thrones или Lord of the Rings, а на музичката опрема музика од вашата омилена група. Сепак нема се да биде волку прекрасно, сензорите во уредите ќе знаат точно што се разгледувале, па доколку не го купите можеби ќе ве затрупаат реклами.

Втор пример е кога ќе одите на семеен ручек, седнувате во автономниот автомобил кој веќе ја „знае“ најбрзата рута и слободното место за паркирање. На врата ве пречекува персоналот „Добар ден господине Х. вашата маса е подготвена“, кога ќе седнете на масата ве пречекува омилената музика, а јадењето ви го носат за неколку минути бидејќи можете да го порачате пред да излезете, а готвачите знаат кога треба да го приготват бидејќи сте во близина на ресторанот. Конечно може да излезете без да се грижите за наплатата, бидејќи од вашата сметка веќе е наплатено, единствено можеби ќе треба да одлучите за висината на бакшишoт во зависност од тоа колку сте задоволни од услугата, и да автонимниот автомобил на иднината би можел да ве пречека и пред вратата. Се разбира кога ќе се вратите дома веднаш ќе се вклучат светилките кои преходно самите се исклучија, а паметниот термостат веќе ја има нагодена температурата на оптималната. Сепак најинтересниот дел од ова предидување е што добар дел од технологијата е веќе достапна, но недостасува нејзина глобална имплемантација или доразвивање. Единствено клучен ќе биде развојот на сензорите кои ќе овозможуваат прибирање на уште повеќе податоци.

Тоа што останува на девелоперите е да се подготват за овој период и со софтвер и со нови услуги за новото време.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии