Интернетот ќе забави заради старата опрема, предупредува Cisco

Брзината на прелистување на Интернет во следната недела можеби ќе биде намалена како последица на замена на стариот хардвер, јави Cisco. Проблемот е со старата опрема која стигна до горната граница по бројот на рутирања. Проблемите се забележани минатата недела и се можна најава дека дел од рутерите веќе не можат да го издржат оптоварувањето.

Проблемот настана бидејќи бројот на податоци во „табелата за рутирање“ се приближува до 524.000, а лимитот на моделите на Cisco е 512К или точно 524.288. „512К доаѓа набрзо на целата Земја и тоа веќе следната недела… Повеќе станува збор за главоболка отколку за глобална опасност за Интернет“, вели Џим Кови во својот блог.

Причина за проблемот е растот на Интернет и неприлагоденоста на опремата која подолго време е присутна. Дел од компаниите како eBay, Comcast и Time-Warner гледаат на ова како на причина за проблемите со прекин на услугите кои ги имаа минатата недела.

2 коментари на “Интернетот ќе забави заради старата опрема, предупредува Cisco

    1. проблемот е во TCAM default лимит од 512K, немора нова опрема доволно е баферот да се згоелми само на 1М (значи дупло).

      http://www.cisco.com/c/en/us/support/docs/switches/catalyst-6500-series-switches/116132-problem-catalyst6500-00.html#anc5
      6500(config)#mls cef maximum-routes ip 1007

      Овојо Интернет проблем (BGP рутирање) не се јави кај Juniper например бидејќи нивниот дифолт бафер е поголем.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии