Интернетот им даде милион долари за еден ден на Double Fine за да креираат видео игра

Наместо да бараат пари од издавачите, дизајнерите на видeo игри Double Fine се решиjа да побараат донации преку KickStarter од гејмерите кои би им помогнале да соберат доволно пари да го финиансират нивниот следен проект. И гејмерите одговориjа, и тоа како одговорија. Сумата која компанијата ја бараше од 400.000 долари беше донирана за 8 часа. За само еден ден дизајнерите собраа неверојатни 1 милион долари!

Заштитно лице на Double Fine e Тим Шајфер кој е креатор на повеќе „point and click“ авантури меѓу кои: The Secret of Monkey Island, Monkey Island 2: LeChuck’s Revenge и Grim Fandango. На играчите кои ги играле овие игри им е познат одличниот хумор кој го има во изобилство во овие игри, а не е за потценување и одличната изработка на главните карактери.

Со оглед на тоа дека до затворање на донациите има уште 32 дена, а веќе се собрани повеќе од милион долари од над 33.000 донатори , повеќе од очигледно е дека фановите на овој тип на авантури навистина со нетрпение го очекуваат секое поквалитетно издание во овој жанр. Уште поважно Double Fine најавија дека целиот проект ќе биде изработен во комуникација со фановите кои ќе можат да го датат своето мислење на форумите. Со остатокот на парите кои веќе сега се над потребната сума ќе се подобри квалитетот на играта од звук, музика и гласовни актери па до зголемување на бројот на платформи за кои ќе излезе играта.

Играта е најавена најрано за октомври 2012, а ќе биде достапна на Steam. За донирани 15 долари ќе добиете пристап до PC верзијата, видео сесиите и ќе можете да учествувате во приватните групи.

[youtube]-pSteVDn78s[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии