Интернет воајерство со ChatRoulette

Дали би сакале да играте рулет со интернетот? Ако да, тогаш вклучете ја вашата веб камера и кликнете старт на ChatRoulette.

ChatRoulette е креација на 17 годишен руски студент Андреј Терновски и е чет сервисот со кој запознавата рандом странци и разговарате со нив. Можеби ви звучи хазардерски да комуницирате со тотални странци на интернет. Уште од мали нозе не учеа не зборувајте со странци бидејќи кој знае какви будали има. Но… дали на шега, дали поради чудни потреби како манијачење, дали поради љубопитност ChatRoulette моментално е посетуван од 1.5 милиони корисници дневно!

„Еден пријател ме запозна со ChatRoulette и како повеќето на планетата тоа ми стана опсесија.“ вели
Кејси Неистат, филмаџија од Њујорк, кој направи кратко филмче објаснувајќи го сервисот и извади интересна статистика.

Имено, според анализата на Неистат, сервисот највеќе го користат мажи. Скоро 71 отсто на кои наишол се мажи, 15 отсто се жени, и 19 отсто се манијаци, односно полови органи. Интересна е и статистиката за возраста каде 83% се млади луѓе, додека 17 отсто се постари, најверојатно над 30-35 години.

Од моето искуство ми беше интересно што разговорите траат отприлика 3-5 секунди. Само ќе се погледнете со рандом странецот, и тој, таа или вие кликате на „следниот“ и добивате ново лице, главно помлади луѓе, а имаше и еден облечен и како наци војник од Втората светска војна. Доколку пак немате камера тогаш никој не ве приметува. Нема бесплатен билет, мора да се учествува.

Па… доколку сакате рулет со интернетот, кликнете старт и чекајте го следниот рандом странец. Ако не ви се допадне, кликнете на следниот, и следниот и следниот…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии