Интернет троловите да бидат идентификувани, бараат британците

На инсистирање на британската влада во иднина е можно веб страните да мораат да ги идентификуваат „троловите“, пишува BBC. Проблемот со овие злонамерни корисници стана актуелен со британката Никола Брукс која била вознемирувана од интернет тролови. Троловите и направиле лажен профил на Facebook преку кој испраќале пораки со експлицитна содржина на малолетни девојчиња. Освен ова троловите ја објавиле нејзината адреса, а малтретирањето го продолжиле и на повеќе форуми на кои е активна г-ѓа.Брукс.

Иако Facebook веднаш ги достави податоците  на креаторите на лажниот профил, британската влада одите уште еден чекор понатаму. Во новиот предлог закон тие бараат веб страните да ги објавуваат имињата на „злоставувачите“ и без судска наредба. Покрај ова нелегитимно објавените содржини ќе мора веднаш да се отстранат.  Логиката ја наоѓаат во фактот дека сопствениците на веб страните треба да бидат одговорни за поставената содржина, иако често содржината ја поставуваат и корисниците. Покрај ова според моменталниот закон секој пристап или преглед на оспоруваните содржини може да се смета како посебен деликт.

Ова значи дека во иднина сопствениците на веб страните ќе можат да избегнат тужби доколку ги објават имињата на корисниците кои постирале неприфатливи содржини. Сериозен проблем би можело да биде нарушувањето на приватноста. Во обид да ги избегнат тужбите поголем дел од компаниите можеби ќе се решат веднаш да ги објават податоците на своите корисници.  Иако во некои случаи објавените содржини можат да бидат непријатни но и вистинити. Најголем проблем се очекува да имаат помалите оператори кои од страв од големи тужби можат да издаваат податоци кои не подлежат под овој закон.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии