Интернет трендови за 2017: Ботовите повторно со повеќе сообраќај од луѓето

На Code конференцијата која ја организира Recode, Мери Микер ги претстави интернет трендовите за 2017. На 355 слајдови презентирани се куп податоци кои се интересни за сите инволвирани во онлајн светот, од веб развивачи до маркетинг експерти.

  • Растот на продажба на паметните телефони забавува. Во 2016 е само 3 отсто, една година претходно беше 10 отсто.
  • Интернет пенетрациајта забавува. Порастот е 10 отсто, најбрзо растечка е ИНдија, без која овој процент паѓа на 8.
  • Заработката од онлајн реклами доаѓа од мобилните платформи. Повторно никој не заработува повеќе од Facebook и Google на кои отпаша и 85 отсто од порастот на онлајн рекламите.
  • Во 2016, 60 отсто од највредните компании се основани од граѓани на САД кои се прва или втора генерација американци. Во овие компании работат 1.5 милиони американци. Apple, Alphabet (Google), Facebook и Amazon се дел од овие компании.
  • Најзабележителен е растот на гејмингот. Од 100 милиони во 1995 до 2.6 милијарди гејмери во 2016. Дел од најуспешните претприемачи како Илон Мас и Марк Закербер се и пасионирани гејмери. Еспортот забележува пораст во гледаност од 40 отсто во споредба со 2015. Бројот на „милениумци“ кој претпочитаат еспорт е ист со бројот кои повеќе сакаат класичен спорт.
  • Од појавувањето на Netflix до денес платформата успеа да стигне до 30 отсто од заработката од домашната забава.
  • Вообичаено на порастот на користењето на Интеренет се зборува како на префрлање на мобилни платформи. Ова не е сосем прецизно, десктоп користењет на интернет не е намеалено, туку само е додаден сообрачајот од мобилни уреди.
  • Благодарение на сервисите како Spotify, музичката индустрија за првпат во 16 години забележува пораст. Заработката од стримингот на музика ја надмина заработката од продадени физички копии.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии