Интернет овојпат победи, исполни барање на дете со аутизам

Вообичаено интернет е ужасно место за барање на помош од заедницата, но овојпат интернет заедницата му помогна на еден татко да пронајде чаша за неговиот 14 годишен син.

Проблемот на Марк Хантер од Девон, Англија е што чашата која му беше потребна не се произведува веќе 10 години. Неговиот син, Бен, без ваква чаша не пие течност и често дехидрира, јави Mashable.

„Кога ќе сретнете дете со аутузам, сте запознале единствено едно дете со аутизам. Не ги знаете сите деца, не го знаете син ми. Ова важи за сите кои имаат деца со аутизам или имаат деца со попречен развој. Тие знаат најдобро. Овие родители и негуватели се експерти за своите деца. Започнавме со некои супер интересни разговори, а сега ќе се обидам да зборувам за аутизмот и за негувањето.“, вели г. Хантер во своето прво YouTube видео.

Најпрво во пресрет му излегоа неколку добронамерни луѓе кои го видоа неговиот апел. Па до адресата на г. Хантер пристигнаа десетина чаши. Сега производителот на чашите Tommee Tippee објавија дека ги имаат старите планови за чашите и ќе направат специјална серија за Бен.

Само за да ја покаже својата благодарност, г. Хантер креираше YouTube профил на кој ја сподели својата приказна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии