Интернет неутралноста во Европа е ставена во опасност

Откако заговорниците на интернет неутралноста ја добија битката во САД, ќе мора истата борба да ја префрлат и во Европа каде Интернетот се наоѓа во опасност. Европските законодавци најавуваат закон со кој во одредени „привлегирани“ случаи дел од интернет линиите ќе бидат побрзи од другите и по различни цени.

Идејата на предлог-законот, до кој доје BBC, е да дозволи компаниите да се договараат со операторите за побрз интернет до нивни услуги, се додека не го загрозува интернет искуството на сите други. Дополнително според предлог-законот иако Европската Унија најавува укинување на роамингот, новиот закон сепак ќе овозможи цените при разговори во државата да бидат поевтини од меѓународните повици. Законот предвидува операторите сепак да можат да додадат определен надоместок со кој роамингот сепак би бил повисок од „локалните разговори“. Станува збор за преоден период кој би овозможил до 2018 година роаминг тарифите да бидат повисоки, ова и не е преголем проблем доколку во 2018-та парламентот повторно не дебатира дали ќе го забрани роамингот.

Покрај роамингот предлог-законот задира и во интернет неутралноста. Според предлогот, специјализирани сервиси би можеле да бидат приоретизирани во однос на останатиот интернет сообраќај. Слично нешто неодамна побара германската канцеларка Ангела Меркел, која, како пример, ја посочи е-трговијата која според нејзе би требала да има приоритет при интернет сообраќајот.

Либералите и демократите, бараат сите промени да бидат донесени веднаш и да нема никакво одлагање на укинувањето на роамингот. За жал Алијансата на либерали и демократи е трета по големина, па без дополнителна поддршка нема да можат да го обезбедат потребното мнозинство на гласови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии