Можеме ли да замислиме таков Интернет на кој содржината што ќе се објавува ќе мора да помине низ некаков филтер? Што ако навистина голем дел од Интернет е шкарт и, за доброто на сите, некој одлучи да го подобри квалитетот на содржините?

Еве што вели Владата на Р. Македонија за содржините на интернет:

“Истражувања покажаа дека скоро 2/3 од содржините на интернет можат да бидат штетни за децата и младите како што се промовирање на самоубиство, булимија или анорексија, промовирање на употреба на алкохол, дрога и други наркотични средства, нанесување штета на самите себе, откривање на лични податоци, сајбер малтретирање, специфични ризици кои се однесуваа на мобилните телефони, зависности и друго“. Извор: Нова Македонија

Колку и да е оваа изјава неоснована, бидејќи никаде нема референца кои се тие истражувања, таа пренесува определен став. Ако сте родител и прочитате дека шансите да му се случи нешто лошо на вашето дете при секое излегување надвор се 60-70% тогаш сигурно ќе сакате да преземете нешто во врска со тоа. Неспорно, оваа изјава на Владата нѐ тера да преземеме нешто во врска присуството на нашите деца на интернет. Тоа го прави со ширење на страв.

Одлично предавање на оваа тема одржа дана бојд (таа не верува во големи букви) пролетва на SXSW. Живееме во култура на страв. Стравот, вели таа, може систематски да се генерира за да ги мотивира или потчини луѓето. Тие што имаат моќ одамна го користат стравот за да ги контролираат луѓето. Стравот е корисен затоа што ги тера луѓето да посветат внимание и така да следат наредби. Интернет, и друштвените медиуми на него, како врвни примери за медиуми кои функционираат преку посветување внимание се одлично место за засилување на стравот. Интернетот ги прави видливи нештата што сакаме да ги видиме, но исто така ги прави видливи нештата што не сакаме да ги видиме. Тоа е извор на голема количина на страв, вели г-ца. Бојд.

Погоре цитираната изјава од Владата вели дека „постојат повеќе од 41 милиони изрази на пцовки и лоши зборови напишани со кирилично писмо и околу 106 милиони такви изрази со латинично писмо“ и потоа, „затоа Владата ќе преземе широк спектар на мерки и активности во кои ќе бидат вклучени претставници на целото општество“. Но, не ја гледаме Владата или било кој друг да презема мерки за сигурно поголемиот број на вербални пцовки што секојдневно се изрекуваат пред децата, дома и во училиштата, па и сите оние пцовки што ги изрекуваат децата меѓу себе на улица или во училница. Зголемената видливост значи и зголемен страв.

Дана Бојд вели дека дека оние што можат да го контролираат протокот на информации и оние што можат да го контролираат вниманието на луѓето се надмоќни. И токму во овој контекст треба да ги разбереме плановите на нашата Влада за „мобилизирање на потенцијалите за правилно искористување на интернетот“.

2 коментари на “Интернет и страв: мислете на децата

  1. Цензурата треба да ја оставиме на самите корисници. Доколку родителите саккат да ги заштитат своите деца постојат многу алатки, итоа добри, кои би ги заштитиле од непосакувана содржина. Пример http://www.opendns.com/ , а има и многу други од иста но и од многу поразлична природа. Секако тука спаѓа и домашното воспитување.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии