Интернет гиганти против австралиската цензура

Интернет гигантите заедно со Aвстралиската библиотека и информатичка асоцијација и Inspire фондацијата објавија писмо до австралиската влада велејќи дека филтрите нема да помогнат во блокирање на порнографијата која „се наоѓа не на јавните веб сајтови, туку во четовите и P2P мрежите и затоа предложениот филтер нема да биде ефективен во заштитата на децата од непристојна содржина.“

„Загрижени сме дека обемот на филтрите може да биде многу широк.“ се вели во писмото во кое двете компании заедно со организациите предложуваат стратегија следејќи ги основните принципи и тоа:

  • Едукација: финансирање на образовна програма за децата и нивните родители како да избегнат несоодветна содржина и да бидат безбедни на интернет;
  • Одржување ред: набљудување и мониторинг од страна на властите и полицијата врз локации, како P2P мрежите, кои содржат детска порнографија;
  • Техички мерки: доколку властите сакаат да воведат технички мерки како дел за онлајн безбедноста тогаш австралиската влада може да земе пример слични полици прифатени од Европа каде има отворена интернационална соработка со интернет провајдерите, владите и полицијата за пронаоѓање на детска порнографија;

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии