Internet Explorer падна под 50% глобално за прв пат

„Ова е сигурно значаен настан во војанта на интернет прелистувачите. Само пред две години Internet Explorer доминираше со 67 отсто од глобалниот пазар.“ изјави Аудан Кулен, директорот на StatCounter.

Во Европа Internet Explorer падна на 40.25 отсто во септември, лани во септември држеше 46.3%. Во Северна Америка IE се уште е над 50 отсто, следен од Firefox со 27 отсто и Chrome со 9.87 отсто од пазарот на прелистувачи.

Што се однесува за Македонија, IE е далеку зад Mozilla Firefox која има над 50 отсто. Моментално според статистиката на IT.com.mk за септември, 47 отсто од посетителите користат Firefox, додека 38.7 отсто користат Chrome. Internet Explorer го користат само 6.53 отсто од посетители, односно IE е само малку попопуларен од Opera која ја користат 5.49% од посетителите.

1 коментар на “Internet Explorer падна под 50% глобално за прв пат

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии