Internet Explorer веќе не е толку тапа, призна Microsoft во својата нова реклама за IE10

Има нешто шармантно во најновата реклама за Internet Explorer 10 кој е достапен во Windows 8. Не затоа Microsoft е конечно искрен за квалитетот на својот веб прелистувач, ниту тоа што корисниците ќе направат се за да го исмејат прелистувачот, туку што со таа искреност всушност ве тера да го пробате новиот Internet Explorer.

Интересно е што во целата реклама, нема ниту една слика од Internet Explorer, туку има комуникација меѓу Microsoft и корисниците, и тоа комуникација на друштвените мрежи кои прераснува во „убедување“ наместо во продавање на продукт. Но, Мicrosoft не оди против „хејтањето“ на IE, туку вели „да, тапа е, но пробајте го новиот IE 10 бидејќи е помалку тапа“. Пробајте и уверете се!

Треба да си многу храбар и да веруваш во својот производ за да бидеш толку отворен со публиката, бидејќи нема втора шанса ако Internet Explorer 10 e повторно срање. Google Chrome веќе владее на пазарот, a Firefox има огромна заедница. IE има само една шанса.

Погледнете ја рекламата и кажете искрено дали би пробале Internet Explorer 10?

[youtube]lD9FAOPBiDk[/youtube]

8 коментари на “Internet Explorer веќе не е толку тапа, призна Microsoft во својата нова реклама за IE10

  1. spored ona shto go imam chitano, povekjeto Chrome korisnici se onie koi imaat postari mashini I Windows XP. Toj shto ne go otvoril IE9 ili IE10 ne znae kolku propushtil!

    P.S. Zgora na toa ne sakam koga nekoj mi snifa po mashina I me koristi za platforma za serviranje na reklami! Toa ti e Chrome ;-)

  2. Сите кои ги користат компјутерите само за FB, порно и за музика и што немаат појма од компјутери го хејтаат и измислуваат реклами против IE. Другите воопшто не се замараат. Конкретно јас сум IE корисник.

  3. Да да супер е правев некои споредби со Chrome може да се каже дека IE е малку побрз, а исто така има и многу подобра графика на слики и видеа од Chrome.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии