Internet Explorer е фаворизиран, вели шефицата на Mozilla

IT.mk редакција

во Софтвер

{mosimage} Европската унија му нареди на Microsoft да овозможи опција на прелистувач при инсталацијата на новиот Windows 7, главно поради монополот на Internet Explorer кој доаѓа вграден во оперативниот систем. IE држи над 70% од пазарот на прелистувачи.

За да биде фер и да не добие огромна казна, Microsoft се сложи со ЕУ и најави дека ќе овозможи при инсталирањето на Windows корисниците да си одбираат свој прелистувач преку вградена опција т.е екран на кој ќе бидат преставени разните прелистувачи.

Иако решението беше интересно, сепак Митчел Бејкер, шефицата на Mozilla фондацијата, се побуни и рече дека тоа нема да ги реши проблемите со фаворизирање на Internet Explorer.

„Одбирајќи еден прелистувач како „default" не значи дека тој прелистувач ќе го земе местото на IE. Пример, IE логото (shortcut/линк) се уште се појавува на десктопот. Линкот/логото на прелистувачот кој е одбран не го заменува, туку се додава на друго место. Како резултат, IE стои на претпознатливото место, што не е избор на корисникот.“ пишува г-ѓа. Бејкер на својот блог.

Од Microsoft велат дека нема што да додадат на „конструктивните“ забелешките на Mozilla.

„Европската комисија го разгледува нашиот предлог предаден на 24 јули. Јавниот фидбек е важен дел од процесот. Иако нема да се сложиме со сите забелешки, сепак ја прифаќаме конструктивната критика на Mozilla.“ изјави портпаролот на Microsoft, Кевин Кутц.

{mosimage}

Опцијата за избирање на прелистувачот има две решенија. Едното е Windows 7 да се појави без прелистувач, па при инсталацијата на оперативниот систем и по изборот на корисникот, ќе се симне и инсталира изберениот прелистувач.

Или пак, Internet Explorer да си биде вграден со Windows 7, што ќе овозможи полесна дистрибуција на оперативниот систем на Европскиот пазар. Опцијата за избор ќе постои, а по изборот на корисникот друг прелистувач ќе го замени IE како „зададен" (default) прелистувач.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии