Internet Explorer 9 бета достапен за симнување

Покрај новиот, беспрекорно чист дизајн, подобрата брзина и поголема поддршка за HTML5 стандардите, Internet Explorer 9 има неколку интересни новини и кул функционалности.

Прелистувачот има добар менаџер за симнатите фајлови, барот за адреси станува и интернет пребарувач, користејќи го Bing, и пребарувач низ одбележаните страни и историја на сурфање.

Но можеби најинтересната опција на IE 9 е правење на веб страните во апликации кои можете да ги закачите на Windows таскбарот. Со ова сите ваши омилени веб страни ќе можете да ги отварате со еден клик, без претходно стартување на прелистувачот. Уште подобро со десен клик врз линкот до „апликацијатa“ ќе можете да го стартувате Start InPrivate Browsing, oдносно сурфање без IE да ви собира лични информации како cookies.

Internet Explorer 9 бета можете да го симнете од тука.

*Бета верзијата на IE 9 работи само со Windows Vista и 7.

5 коментари на “Internet Explorer 9 бета достапен за симнување

  1. Буквално направив само еден едниствен клик во ИЕ9 и толку, (Not Responding)…. но продолжи да работи после.
    Прв печаток, ништо специјално.
    Основна страница која е таб и неможе да се исклучи и секоје ново пребарување излегува во нов таб. Адрес бар кој е многу мал и е некаде пикнат без голема прегледност.
    Доколку ти се потребни подесувањата и запаменетините страници (bookmarks), од ново многу големо пространство зафаќаат од екранот, што веќе ништо не останува од минималистичкиот изглед.
    Тестот на html5test.com покажа само 96 поени, за разлика Chrome, покажа 217 поени од можни 300.
    За сега ништо револуционерно освен можноста да за се ваѓаат линкови до омилените страници на работната лента на самиот Виндоус што и не е кој знае што имајќи во предвид дека зафаќаат место.
    Девет е голема оценка сега за сега. Чиста 5ка и можност да се јави на поправен испит кога ќе излезе финалната верзија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии