Internet Defense League во заштита на интернетот

Сигурно сите го знаете бет-сигналот што го повикува Бетмен кога градот е во опасност. Сега група интернет ентузијасти реши да ја прифати симболиката – решени да речат доста и да застанат во одбрана на Интернетот, тие креираа свој сигнал со лице на мачка со кој ќе ја повикуваат интернет заедницата да им се приклучи кога ќе е потребно. Оваа Internet Defense Leaguе, односно Лига за одбрана на интернетот како Бетмен ќе им биде трн во око на корпорациите, разните криминалци и манипулатори кои сакаат да ги злоупотребат  слободите на Интернетот за своја корист.

Internet Defense League е формирана од страна на неколку интернет работници, судии и адвокати и нивната цел е јасна – спасување на интернетот од законите како SOPA, PIPA, ACTA. Големи компании се вклучени во поддршката на IDL и одбрана на интернетот – Mozilla, WordPress, BoingBoing и reddit се само дел од тие, а целата листа можете да ја погледнете овде.

„Ова е повик на општа мобилизација на сите луѓе кои работат нешто на интернет. Без разлика дали се работи за побединци кои имаат Twitter со 20 следачи или веб страница со 35 милиони посети, сите тие имаат свој Готам, да се изразам така. Но, сите тие имаат заедница која се држи јако и ќе застане зад нив“, изјави основачот на Reddit,  Алексис Оханиан за Ars Technica.

Лигата е озбилна, Лигата е голема и вие можете да бидете Лига.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии