Internet Archive доби донација од 1 милион долари во биткоин

Image courtesy of Pineapple Fund

Филантропскиот фонд, Pineapple Fund, донираше биткоин во вредност од 1 милион долари на Internet Archive. Фондот досега донираше 18 милиони долари во 13 организации. Дел од орканизациите во кои донираше фондот се: Charity Water, SENS Research Foundation, Pencils of Promise, Electronic Frontier Foundation (EFF) и Green Steps

Она што е поинтересно е дека фондот и неговиот основач се мистерија. Основачот на фондот е непознат, иако вели дека сака да ја донира својата заработка од криптовалути во добротворни цели, пренесе Venturebeat.

„Во почетоците на Bitcoin ги увидов можностите на децентрализираната валута и одлучив да копам/купувам и тргувам со волшебните интернет токени. Заработката е поголема од сите мои очекувања низ овие години, ме доведе до поголеми средства отколку што ќе можам да потрошам самиот.

Што да правите со пари кои не може да ги потрошите? Ги донирам во добротворни цели. Pineapple Fund сега е поголем од вкупната цена на сите биткоини од кога јас се заинтересирав за биткоин; и е една од 250 најбогати биткоин адреси денес“.

Internet Archive е документација не само за интернет, туку и за куп дигитални сервиси, услуги, музика, па дури и игри.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии