Интернет активист обвинет за кражба на научни трудови може да добие 35 години затвор

Интернет активиститот и поранешен вработен во Reddit, Арон Шварц, е обвинет за кражба на над 4 милиони научни и академски трудови преку нелегално користење на мрежата на Институтот за Технологија во Масачусетс, попознат како MIT. Арон Шварц преку мрежата на MIT „крадел“ документи од JSTOR, веб сајт кој функционира на претплата, а содржи над 1.000 научни и академски трудови, кои некои од нив датираат дури од 17 век.

Според обвинението, кое е достапно за јавноста, Арон Шварц, во периодот од септември до јануари, на неколку наврати провалувал во подрумот на MIT, каде се наоѓала главната соба со мрежни кабли, и од таму се вклучувал на мрежата на MIT. Во обвинението уште стои дека на 9 октомври, Арон Шварц вклучил два лаптопа, кои заедно преземале толку многу документи што дел од серверите на JSTOR паднале. Планот на Арон бил да ги дистрибуира нелегално преземените трудови на различни сајтови за споделување документи.

Обвинението е кренато од јавниот обвинител на државата Масачусетс, и во него стои дека Арон Шварц е виновен за електронска измама, компјутерска измама, незаконско здобивање со информации од заштитен компјутер и негова оштета.

Арон Шварц е програмер и веб политички активист кој го има основано веб сајтот Demand Progress, веб сајт чија цел е изборување на поголеми дигитални права за обичните луѓе. Извршниот директор на Demand Progress, Дејвид Сигал, го брани Арон Шварц велејќи дека ова обвинение е бесмислено: „Да се обвини некој за преземање на голем број на научни и академски трудови од интернет, е исто како да затвориш некого бидејќи изнел премногу книги од библиотека“.

Меѓутоа, колку и да е бесмислено ова обвинение, доколку е обвинет, Арон Шварц го чека затворска казна до 35 години, и парична казна од еден милион долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии