Првиот пример го видов на Facebook каде на прашање за Foursquare, Caramelo, мало кафуле од Скопје, одговори дека секој „градоначалник“ на Caramelo ќе добие 25% попуст додека е на таа функција. Нa Foursqare се станува „градоначалник“ кога најмногу од сите ќе го посетите/тагирате тоа место. (Komunikacii.net објавија видео интервју со Коста Стаматовски од Колектив, агенцијата која го води маркетингот на кафитеријата)

Втората интересна промоција ја видов на Twitter каде @Vikeli компјутери од Прилеп му спреми поклон на @mnastoski затоа што е првиот кој ги чекирал на Foursquare.

Полека, но сигурно друштвените мрежи стануваат моќна алатка во рацете на локалните бизниси. Бизнисите преку нив можат да комуницираат директно со потрошувачите и да ги искористат креативните друштвени игри за да промовираат услуга и да се рекламираат бесплатно.

Што е Foursquare ќе видите во видеото подолу.

8 коментари на “Интересни Foursquare бизнис идеи од Македонија

  1. Според видеово, сфатив колку капитализмот сака да нѐ натера да станеме подвижни реклами и да нѐ запоседнат со непотребни животни преокупации. Foursquare е чиста глупост, како и Facebook.
    I prefer meatspace, thank you.

  2. Ај, си велам, да видам што е тоа?
    На насловната страна има search во кој впишав Скопје (на кирилица). Ништо. На латиница, пак ништо. Ах, да! Ми вели дека сум „near Kicevo“. Демек, што си запнал Скопје, па Скопје, кога си најверојатно некаде кај Кичево. (Зајас, можеби?) :)

    Ок, ај сега пак на работа …

    1. Човек , тоа е да пребараш објект… Досаден си со твоите глупави коментари :)

      Инаку, те лоцира според ИП. Симни си го за мобилен и ќе можеш да добиеш точна локација :) Нормално , ако имаш GPS и си надвор , не во затворена просторија.

      1. Мали, јас само се ставив во улога на обичен, не-ИТ, корисник. Така најдобро се проценува употребливоста на некоја апликација.
        А, замисли, најголемиот број од корисниците ги употребуваат компјутерите/смартфоните од затворена просторија.

        И, што е тоа ИП?

      2. shtom tolku znaes , napravi nova GPS tehnologija so visok kvalitet koja sekade niz svetot ke moze da se koristi od bilo kakva prostorija…

        Inaku napisav IP skrateno na brzina, sakav da recam IP adresa – internet protocol address. Te locira taka , bidejki preku PC nema drug medium za da pronajde detali.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии