Интерактивно учење програмски јазици од комфорот на вашиот телефон, со Py

Duolingo е корисна апликација за учење јазици како англиски, француски или германски преку интерактивни предизвици, квизови и награди.

Но, што доколку барате сличен метод на учење, но за програмски јазици како Python, Swift, HTML или JavaScript?

Py е апликација која е осмислена да ве научи работа-две за програмирање, независно од вашите претходни познавања и на начин кој не само што е ефикасен туку и зависен. Впивањето знаење се остварува преку користење вградена тастатура за олеснето внесување код или пак преку форматот за избирање еден од неколку понудени одговори, што знае да биде корисно доколку немате време за првата алтернатива.

Со оглед на флексибилноста на форматите за учење, Py е апликација која се препорачува независно од возраста на корисникот, а бројните награди и интерактивни предизвици знаат да влијаат исклучително мотивирачки. Дополнително, апликацијата ги бележи областите кои не ви се најдобро научени и често ве потсетува се додека не престанете да ги правите истите грешки.

Основната верзија на Андроид апликацијата е бесплатна, но доколку решите да се едуцирате со iOS апликацијата, имајте во предвид дека по месец дена бесплатно користење, потребна е месечна претплата од 12 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии